Доколку сакате целосно да го промените вашиот изглед и да изгубите 10 килограми, покрај добрата волја, ќе биде потребно да набавите и една состојка, а тоа е лимонот. Оваа диета брзо ги топи килограми и мастите, го зајакнува организмот и ги чисти кр-вта и лимфата.

Диетата со лимон е план направен за чистење на организмот и ефикасно намалување на килограмите што ќе го детоксицира организмот за 14 дена и ќе ви помогне да изгубите до 10 килограми.

За среќа, не мора да јадете цели лимони за време на оваа диета. Наместо тоа, ќе ги користите својствата на исцедениот сок кој ќе помогне во забрзување на согорувањето на маснотиите, а на тој начин побрзо ќе се ослободите од вишокот килограми.

Лимонот ги согорува мастите и го забрзува метаболизмот

Многу професионални диететичари и нутриционисти тврдат дека лимонот ги содржи сите потребни елементикои се потребни за разградување на маснотиите и затоа го олеснува слабеењето.

Меѓу другото, лимонот содржи лимонска киселина, која помага во согорување на маснотиите, го забрзува метаболизмот, а исто така го намалува апетитот. Лимонска киселина придонесува за поинтензивно производство на желудочна киселина и како резултат, го подобрува варењето на храната. Здравата кора од лимонот содржи пектин кој помага во регулирање на нивото на шеќерот во кр-та.

Постојат многу различни витамини кои се наоѓаат во лимонот, вклучувајќи го и витаминот Ц, за кој е најдобро познат дека го зајакнува имунитетот, што е исто така важен фактор во процесот на слабеење. Во принцип, лимонот е неверојатно овошје со кое можете да го исчистите вашето тело, да го забрзате метаболизмот и покрај тоа да изгубите тежина и да превенирате настанување на некои болести.

Диетата со лимон е многу едноставна: пијте одредена количина сок од лимон измешан со вода секое утро пред појадок. Совет: Исплакнете ја устата со свежа вода веднаш по пиењето лимонов сок за да спречите оштетување на забната глеѓ кое би можело да настане од лимонската киселина.

Ден 1: сок од еден лимон измешан со чаша свежа вода. Ден 2: сок од два лимони измешан со две чаши свежа вода. Ден 3: сок од три лимони измешан со три чаши свежа вода. Ден 4: сок од четири лимони измешан со четири чаши свежа вода. Ден 5: сок од пет лимони измешан со пет чаши свежа вода.

Ден 6: сок од шест лимони измешан со шест чаши свежа вода. Ден 7: сок од три лимони измешан со пет чаши свежа вода. Додајте една лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот. Ден 8: сок од пет лимони измешан со шест чаши свежа вода. Ден 9: сок од пет лимони измешан со пет чаши свежа вода. Ден 10: сок од четири лимони измешан со четири чаши свежа вода.

Ден 11: сок од три лимони измешан со три чаши свежа вода. Ден 12: сок од два лимони измешан со две чаши свежа вода. Ден 13: сок од еден лимон измешан со чаша свежа вода. Ден 14: сок од три лимони измешан со десет чаши свежа вода. Додајте една лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.

Забелешка: Во зависност од големината на лимоните, потребно е во секоја чаша вода да има барем 2-3 супени лажици лимон, не повеќе од тоа. Доколку лимонот ви предизвика тегоби, најдобро е да престанете со диетата или да го намалите количеството на лимонот.

Важно е да знаете, дека не треба да го испиете сокот одеднаш, туку се распоредува во текот на денот. Пијте колку можете повеќе наутро, а остатокот оставете го за подоцна. Консумирајте 1 час пред оброк и 2 часа после оброкот.

Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми. Диетата со лимон е особено ефикасна во есен или пролет, во време кога на нашето тело му се потребни дополнителни витамини и детоксикација.

Ако комбинирате нискокалорична диета со лимон ќе добиете уште подобри резултати. Јадете три до пет мали оброци во текот на денот, но навистина мали и нискокалорични. Не се прејадувајте, не јадете тестенини, колачи или бел леб. Заборавете на газираните пијалаци, слатки сокови или ал-ко-хол. Избегнувајте закуски, чипс, слатки и слично. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска