Дали витаминот Д навистина помага во губењето на килограмите? Овие намирници се негов непресушен извор

Постојат докази дека овој витамин помага во процесот на топење на вишокот килограми!

Веќе ни е познато дека витаминот Д е многу важен микронутриент со одлични здравствени придобивки, вклучително и подобрување на имунитетот и јакнење на коските.

Постојат докази дека овој витамин помага и во процесот на губење на вишокот килограми: Дебелите луѓе имаат помалку витамин Д во својот организам

Студиите покажале дека колку е повисок индексот на телесна маса и процентот на масти во организмот, толку е пониско нивото на витамин Д во крвта.

Loading...

Неколку други теории спекулираат во врска со поврзаноста на ниското ниво на витамин Д и прекумерната тежина: некои тврдат дека дебелите луѓе сепак не консумираат доволно намирници кои содржат витамин Д, додека други пак, укажуваат на разликите во однесувањето, бидејќи дебелите луѓе не го изложуваат доволно своето тело на сонце и со тоа нивниот организам не може да произведе доволно витамин Д од сончевите зраци.

Сето ова би значело дека нивото на витамин Д во организмот зависи од големината на телото, што би значело дека на дебелите луѓе им е потребно повеќе витамин Д отколку на луѓето со нормална тежина.

Со ова се објаснува можната причина зошто дебелите луѓе имаат дефицит на овој витамин. Исто така, губењето на килограмите би можело да влијае и врз промената на нивоата на витамин Д во крвта.

Во теорија, намалувањето на телесната тежина би значело и намалување на витамин Д. Меѓутоа, некои студии упатуваат на благ пораст на витаминот Д при губиток на килограмите.

На пример, учесниците во некои испитувања кои изгубиле 15% од својата тежина, искусиле 3 пати поголем пораст на витаминот Д од оние кои изфубиле 5-10% од својата тежина.

Поголемата количина на витамин Д во организмот може да помогне при слабеењето

Одредени докази наведуваат дека доволна количина на витамин Д во организмот може да го забрза губењето на килограми и да го намали нивото на масти во телото. Витаминот Д исто така, може да го успори процесот на враќање (добивање) килограми.

Студијата која била спроведена со преку 4600 возрасни жени, открила дека високото ниво на витамин Д е директно поврзано со поспор “јо-јо” ефект, односно враќање на изгубените килограми.

Накратко, поголемата количина на витамин Д влијае врз губитокот на килограмите, иако се потребни дополнителни истражувања за дополнително да се потврди сето тоа.

КАКО ВИТАМИНОТ Д ПОМАГА ВО СЛАБЕЕЊЕТО?

Неколку студии покажале дека витаминот Д потенцијално го намалува формирањето на новите масни клетки во организмот. Исто така, помага во спречување на складиштење на масти во телото. Тој исто така, може да го зголеми нивото на серотонин, невротрансмитер кој влијае врз сè: од расположение до регулација на спиењето.

Витаминот Д го контолира апетитот, брзото заситување и количината на внесените калории.

КОЈА ХРАНА Е БОГАТА СО ВИТАМИН Д?

-говедски или телешки црн дроб (42 IU во 85 г)
-жолчка од јајце (41 IU по парче)
риба од конзерва (154 IU во 85 г туна, 270 IU во 100 г сардина)
шитаки печурки (40 IU во 1 шолја)
-млеко – полномасно (100 IU во 240 мл)
-јогурт (80-100 IU во 180 мл)
-бадемово млеко (100 IU во 240 мл)
-сок од портокал (137 IU по чаша)
тврдо сирење/кашкавал (40 IU по парче).

Loading...