Да се потсетиме на подвигот на св.Великомаченик Георгиј Победоносец!

Овој славен војвода Георгиј бил роден во Кападокија, во Мала Азија, како син на почитувани и благочестиви родители, кон крајот на III век. Тој уште од малечок бил научен на побожноста.

Како дете останал сирак, бидејќи неговиот татко пострадал маченички за Христа, а неговата мајка заедно co него се преселила во Палестина, бидејќи таа била таму родена и имала голем имот и наследство од своите родители.

Свети Георгиј бил земен во војска и таму во својата дваесетта година стигнал до чинот трибун (како денешен полковник), а потоа поради покажаната храброст во борбите од царот Диоклецијан бил поставен за комита, за војвода, чин што го имале најстарите воени старешини што го следеле царот на неговите патувања. Но овие поставувања се случиле пред да се знае дека тој бил христијанин.

Кога наполнил дваесет години неговата мајка веќе се упокоила во Господа и тој се наоѓал во служба на царот Диоклецијан, којшто тогаш заповедал да се изврши страшно злосторство кон оние што се нарекувале христијани, и тие да бидат безмилосно убивани поради своето исповедање на верата.

Гледајќи дека незнабошците страшно ги измачуваат христијаните и дознавајќи дека неправедна царска наредба не може со ништо да се промени, свети Георгиј заклучил дека сега е дојдено времето погодно за спасение.

Имотот и сè што имал ги разделил на сиромасите и застанал пред царот исповедајќи се дека е христијанин. Царот се зачудил затоа што еден од неговите најдобри воини изјавува дека е христијанин и co тоа се соочува co смртна пресуда, па затоа се обидел да го наговори светителот да се откаже од својата вера.

Ho зборовите на свети Георгиј биле силни и решителни и царот разгневен заповедал да го фрлат во затворот, и таму да го подложат на големи маки и страдања. Бил мачен така што бил поставен на големо тркало на кое биле поставени ножеви  и мечеви и неговото тело било нечовечки раскинувано, така што сите помислиле дека маченикот е мртов.

Тогаш небото се наоблачило и блеснала силна светлина, а во светлината се покажал ангел Господов, кој му ги исцелил направените рани. Гледајќи го таквото чудо, двајцата судии повикале co љубов кон светителот, а царот наредил веднаш нивните глави да бидат пресечени.

Ho ова чудо го видела и поверувала во Христа и Александра, жената на царот. Потоа наредиле маченикот да биде фрлен во една јама полна co негаснета вар. По три дена jа отвориле јамата, а во неа маченикот го нашле жив и здрав, co кренати раце како Го благословува Господа и My благодари за сите Негови добродетелства.

Тогаш царот повикал еден маѓесник, по име Атанасиј, и сметал дека овој co своите магии или ќ€ го натера маченикот да се откаже од својот Бог, или ќе го убие co тоа што ќе испие отров. Свети Георгиј ги испил и двете подготвени напивки, но ништо лошо не му ce случило. Царот се разгневил уштс повеќе, а маѓесникот останал зачуден и замислен. 

Тогаш Атанасиј му предложил на царот да му ја даде следната задача на свети Георгиј. Ha излезот од градот се наоѓал еден гроб во кој неодамна бил погребан еден негов пријател, ако Георгиј е праведен во својата вера, тогаш преку својот Бог нека го воскресне тој мртовец, бидејќи никогаш на земјата не се случило некој да воскресне мртовец, а ниту, случило некој да воскресне мртовец, а ниту, пак, некој маѓепсник тоа може да го направи.

Свети Георгиј се помолил и земјата се затресла и од гробот излегол воскреснат починатиот човек. Кога тоа го видел Атанасиј, веднаш повикал кон светителот и ја исповедал својата вера во Христа Бога, но царот не поверувал ниту во ова чудо. Тој наредил и на Атанасиј и на воскреснатиот човек да им ги пресечат главите.

Христа го исповедала и царевата жена, но и на неа царот наредил да и ја пресечат главата. Најпосле и светиот маченик бил осуден на смрт и неговата глава била пресечена во 303 година, на дваесетгодишна возраст.

Празнувањето на свети Георгиј, според нашите истражувања, како домашна слава се наоѓа на трето место во Дебарско-кичевската епархија, co градовите: Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Неговиот спомен се прославува трипати во годината: на денешниот ден, на 16. XI (обновување на храмот „Св. Георгиј”), и на 9. XII (Св. Горѓи посен), co вкупно 1.784 славски домови, од кои само 77 домови го празнуваат споменот на свети Георгиј на овој ден.

Loading...