Д-р Даниловски ја смирува јавноста: Ширењето на вирусот во воздухот не е на тој начин на кој мислевме

Нашиот познат епидемиолог и еден од најактивените во оваа криза д-р Драган Даниловски, завчера на својот профил на социјалните мрежи објави студија во која се вели дека Корона вирусот може да остане во воздухот до 3 часа.

Тој во денешно гостување на Сител телевизија, појасни дека јавноста малку погрешно ја сфатила оваа најнова студија, а можеби и тој самиот не ја протолкувал и соопштил на вситински начин. Затоа денес појасни:

-Во самата студија пишува дека времето од 3 часа во воздух се однесува на вештачки аеросолизиран вирус. При нормално дишење, вирусот не се аеросолизира. Бројката од 3 часа се однесува само на вештачки, лабараториски аеросолизиран вирус.

Loading...

Ова се охрабрувачки вести, особено за луѓето кои што заради природата на својата професија, мораат секојдневно да бидат изложени на надворешни влијанија и контакт со други луѓе.

Професорот Даниловски потврди дека тестовите можат да бидат лажно негативни, или лажно позитивни, а тоа е според него може да се должи на лошо земен брис:

-Јас не сум биохемичар, би требало да консултирате стручњак од оваа област, но мое мислење е дека неточните резултати од тестовите може да се должи на лошо земен брис. Во моето семејство имаше таков случај. Прво тестот беше позитивен, што создаде семејна драма, за потоа, при повторното тестирање да се покаже дека пациентот е негативен.

Loading...