Без љубов жената се дебелее: Еве што се случува кога љубовта ја заменуваме со храна!

Понекогаш, со текот на времето кога ќе дојде до промена на телесната тежина, тоа не мора да значи дека имаме проблем со здравјето, туку дека имаме проблем во врската со партнерот. Храната често станува замена за љубов.

Поради тоа, и покрај вложените напори, само мал број луѓе успеваат да ослабат, бидејќи проблемите од психолошка природа остануваат нерешени.

КАКО НЕЗАДОВОЛЕНАТА ПОТРЕБА ВЛИЈАЕ ВРЗ ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА?

ПРИЧИНА БР.1: Блокирана потреба за љубов

Ако во врската со саканото лице работите тргнат лошо, ние не ги решаваме проблемите, туку “налетуваме” на фризер. Стравот од отфрлање, навиките и вкоренетите ставови, не ни дозволуваат да ги решиме проблемите, туку ги затрупуваме со храна.

ПРИЧИНА БР.2: Блокирана потреба за признание

Можете своите желби да ги занемарите целосно и слепо да го следите својот маж, прилагодувајќи се кон неговите желби: доцна вечера, секс кога тој ќе посака и тн.

“Сè за тебе драги, нема врска што не ме ни забележуваш!”

Таквата подготвеност на жртва е преплавена со последици: заборавате на себе, ја блокирате потребата за внимание, за блискост, потребата за нормален начин на живот.

ПРИЧИНА БР.3: Сексуална дисхармонија

Како една од причините за појава на вишок килограми може да се смета и недостигот на секс. Доколку имате нередовен секс, тогаш се дебелеете полека, обично 2 до 3 килограми, претварајќи се во жена која не му е интересна на мажот.

Ако постои потреба за секс и ако таа потреба не е задоволена, тогаш повторно доаѓа до дебелеење. Во недостиг на секс, жената посегнува по храна за да дојде до емотивно задоволување на желбата.

ШТО ДА ПРАВИМЕ?

1.Прво, признајте си себеси што чувствувате и кој проблем го имате. Ова е потешко отколку да се отвори чоколадото, но барем позитивно ќе влијае врз вашето здравје.

2.Почнете да ги слушате вашите чувства. Разговарајте со партнерот. Верувале или не, но разговорот може да ги реши проблемите.

3.Научете еднакво да се грижите еден за друг.

4.Сфатете дека никој не може да ви ги чита мислите. Тишината во врската доведува до огорчување и бес.

5.Преиспитајте го својот однос кон сексот – сексот не смее да биде должност, туку задоволство.

ЗАБРАНИ И ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА

Ако во нашиот живот постојат многу забрани и стравови, ако постојано се контролираме себеси поради страв да не се прифатиме себеси како друга личност, тогаш храната станува средство да заборавиме на дисциплина, контрола и обврски.

Кога лицето тежнее да биде совршено, обидувајќи се да ги задоволи високите стандарди и барања, понекогаш храната се претвора во единствен излез. Решението е истовремено едноставно и сложено: дозволете си себеси да се разликувате од идеалот и разговарајте со своето тело и ветете му дека во иднина кон него ќе се однесувате повнимателно.

ТРИ КОРИСНИ ВЕЖБИ:

Список на задоволства

Размислете и направете список на сè во животот што сакате и што ве радува, а тоа да не е храна. Потоа применете го тој интерес во пракса. Можеби ќе уживате во масажа, када полна со вода, облози и маски за тело…

“Ќе го изедам тоа за 7 минути”

Ако се фатите себеси дека одите кон фрижидерот а воопшто не се гладни, кажете си себе си: Ќе го изедам тоа за 7 минути”. Потоа веднаш смислете список на задачи со кои ќе го пополните времето. Нагонот за храна можеби ќе исчезне ако се окупирате со работа.

“Тригер”

Откријте кои настани ве тераат да се претрупувате со храна: ПМД, недостиг на сон, лутина, грижа и сл.

Обидете се тоа да го одбегнете или на некој начин себеси да си го одвлечете вниманието од храна во тие периоди.

Многу е важно да сфатите дека утехата не е во храната!

Loading...