Кога сакате да направите класична чоколадна торта, запишете си го овој рецепт бидејќи ќе ве потсети на старите добри денови кога со брзина на светлината се јадеше оваа торта кога ќе собереа гости по некој повод. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 270 мл млеко (може да користите млеко од бадем или обично), 80 мл масло, 150 г шеќер, 200 г брашно, 30 г незасладено какао, 14 г прашок за печиво, прстофат сол, 100 г темно чоколадо, 100 мл слатка павлака.




ПОСТАПКА: во подлабок сад ставете го млекото, посолете, додајте го шеќерот и маслото. Измешајте со жица/маталка додека шеќерот малку да се растопи. Потоа додајте го брашното просеано низ сито заедно со какаото и прашокот за печиво.




Измешајте ги сувите состојки во смесата, па на крајот додајте го маслото. Соединете ја целата смеса да биде еднолична и чоколадна, па излејте ја во калап со флексибилен обрач со големина по ваша желба, а во овој рецепт е користен кружен калап со дијаметар од 22 см.




Ако тортата ја печете во поголем калап, во тој случај ќе биде потенка и ќе треба пократко време да се пече. Во помал калап, потребно е да се пече околу 30 минути на 180 степени. Кога ќе фати коричка одозгора може да ја проверите со чепкалка дали е печена одвнатре.




По печењето оставете го колачот малку да се излади, а на пареа направете ја глазурата од чоколадо така што ќе ја измешајте слатката павлака и црното чоколадо исечкано на коцки. Глазурата се прелива врз тортата и се остава некое време да се стегне.




Одозгора може да ја наросите со рендано чоколадо или нешто по ваш избор. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Следниот рецепт за чоколадна торта од 3 состојки прочитајте го подолу: Чоколадна торта од 3 состојки, готова за 20 минути. Фото и рецепт на Верица Николиќ – Чоколадна торта од три состојки.




Кога ја видов оваа торта на интернет, да бидам искрена, се сомневав дека може да биде вака вкусна. Ја направив за 20 минути и сè се прави во еден сад, само што мора да се почека да се стегне. Фото и рецепт на Верица Николиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 360 мл млеко/за посно – кокосово млеко, 220 г темно чоколадо, 220 г овесни снегулки. ПОСТАПКА: дното на калап со величина од 18 см обложете го со хартија, а страните намастете ги со путер.




Ако немате калап со оваа величина, користете тенџере, само што ќе треба да го обложите целото со проѕирна фолија, а за да можете да ја извадите тортата. Во соодветен сад ставете млеко, додајте го чоколадото искршено на коцки и ставете на оган. На тивок оган мешајте со жица за матење, додека чоколадото да се растопи и млекото да зоврие.




Тргнете го садот од оган и додајте ги овесните снегулки. Со лажица добро промешајте да се соедини смесата, па излејте ја во приготвениот калап. Израмнете ја површината со лажица, оставете да се олади на собна температура, а потоа оставете ја во фрижидер околу 4 часа. Потоа извадете ја тортата од фрижидер, тргнете го обрачот и тортата префрлете ја врз чинија за сервирање. Исечете ја тортата и уживајте во нејзиниот вкус со шолја кафе…