Ако сте градинар, лушпите од јајца ќе ги чувате во текот на зимата за да им обезбедите на вашите растенија идеална грижа во пролетта. Не е тајна дека јајцата се полни со протеини, витамини и минерали и се една од најхранливите намирници на планетата. Во светот, просечен човек конcyмира околу 150 до 200 јајца годишно.
Лушпите од јајцата се составени од 96% кристали на калциум карбонат и се совршено ѓубриво за вашата градина. Освен што се погодни за човекот, за јакнење на коските и како лек од остепороза (рецептот можете да го најдете на НМД), исто така, лушпите од јајца се одлични и за растенијата.
1.Природно ѓубриво
Лушпите од јајцата се совршен начин да додадете калциум во вашиот компост. Исклучително брзо се pacпаѓаат, па не грижете се дали треба да ги мелете или згмeчите. Сè што треба да направите е да ги фрлите околу розите или други садници на кои им е потребен калциум.
Зимата е сепак, вистинското време да ги „фрлите“ лушпите од јајца на земјата каде што ќе садите цвеќе на пролет. Но, не е доцна ова да се стори и напролет. Ако садите пиперки или домати, задолжително додајте лушпи од јајца и ќе видите како овие растенија напредуваат пред вашите очи.
2.Лушпите од јајцата ќе ги избркаат полжавите од вашата градина
Ако имате проблем со полжавите во вашата градина, само гpyбо изронете ги лушпите од јајца и наредете ги околу растението. Острите рабови на лушпите од јајцата ќе ги спречат полжавите да стигнат до вашите салати или млади, новозасадени растенија.
3.Садови/саксии за садење семиња
Бидејќи лушпите од јајцата се распаѓаат многу брзо, тие се идеални за садење семиња во нив. Кога растението ќе никне, едноставно пренесете го заедно со лушпата во градината, на место каде што ќе остане трајно.
Не заборавајте прво добро да ја измиете лушпата под млаз топла вода, а потоа да направите дупка пред да го посеете семето таму.
4. Храна за птици
И пред и по снесувањето јајца, на мајката птица и треба повеќе калциум во исхраната. Лушпите од јајца стерилизирајте ги така што ќе ги „испечете“ во рерна на 250 Целзиусови степени околу 10 минути, а потоа откако ќе се оладат, едноставно сомелете ги или изронете ги.
Оставете ги искршените лушпи во хранилките за птици, а можете да ги измешате и со храна за птици. Здравите птици ќе ја заштитат вашата градина од штетни инсекти.
5.Естетика
Доколку имате големо семејство и користите големи количини јајца, не ги фрлајте лушпите. Убаво стерилизирајте ги во рерна и ставете ги во шпајз додека да соберете поголема количина. Потоа изронете ги и убаво наросете ги во жардињери околу цвеќињата или во леите.