Доколку сте на некоја диета или едноставно сакате здраво да се храните, пробајте го овој диетален леб кој се приготвува од овесни смегулки, а за да го направите воопшто не ви е потребна некоја посебна вештина, бидејќи тестото не се меси со рака.




Потребни сте само вие и неколку состојки, па ќе добиете совршен и здрав леб кој ќе ви помогне да ослабете и да се наполните со енергија. Ваквиот леб особено се препорачува за појадок или за вечера. Не содржи квасец, нема глутен, нема маснотии, а богат е со диетални влакна и здрави состојки. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 1 чаша цврст јогурт/кисела павлака (250 г), 2 јајца, 3 чаши овесни снегулки/овесно брашно (280 г), 1 кесичка прашок за печиво (15 г), 1 прстофат сол, 1 рака ореви




ПОСТАПКА: Количината од наведените состојки е за помал леб, па доколку сакате поголем, тогаш соодветно зголемете ги количините на состојките. Во еден подлабок сад скршете ги двете јајца и додајте 250 г густ јогурт или кисела павлака.




Добро измешајте за да се соединат состојките. Потоа додајте 280 г овесни снегулки, 15 г прашок за печиво и прстофат сол. Повторно промешајте со лажица или шпатула додека да се изедначи смесата.




Една рака ореви ситно исечкајте на даска или во блендер, а наместо ореви може да користите други јатки или семки (бадем, лешник, кикирики, макадамија, семки од тиква и сончоглед или некое семе).




Сечканите ореви додајте ги во смесата од овес и повторно промешајте. Добиената смеса распоредете ја во помал соодветен калап за леб, претходно обложен со хартија за печење, на дното и страните. Јас секогаш правам свежо лепче и затоа ја користам оваа помала количина која е доволна за половина калап.




Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути. Ако некој се прашува зошто правам само половина леб, еве ќе одговорам, затоа што сум самец и за мене ова е доволно.

Печеното лепче оставете да се подизлади, па сечете го и послужете го. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.