Оваа пита ќе ве воодушеви. Најчесто ја филуваме со сирење, но одлично одговара и со зелје, месо, компир, спанаќ или нешто по ваш вкус. Питата се приготвува многу едноставно, само е потребно да ја следите постапката, а тајната на одличниот вкус се крие во специјалниот прелив. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесичка сув квасец (11 г), 1 чаша густ јогурт на собна температура (200 мл) или кисела павлака, 1 чаша топла вода (200 мл), 60 мл масло, 5 чаши брашно (625 г) и 1 лажичка сол (10 г). ЗА ФИЛ: фета сирење. ЗА ПРЕЛИВ: 2 јајца, 1 чаша јогурт (200 мл), половина лажичка сол, 60 мл путер




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете една кесичка сув квасец, па додајте една чаша јогурт отстојан на собна температура, една чаша млака/топла вода и 60 мл масло. Добро промешајте додека да се растопи квасецот.




Во течната смеса започнете постепено да го додавате брашното и една лажичка сол. на почетокот мешајте со лажица или шпатула додека брашното да ја впие течноста и да се добие густо тесто, а потоа кога ќе го додадете остатокот од брашното, замесете со рака.




Месете неколку минути додека да добиете средно меко и еластично тесто кое не се лепи за рака. Потоа оставете го во садот и покријте го со проѕирна-стреч фолија. Оставете го тестото да ферментира на топло место додека да го удвои својот волумен (или оставете го во топла рерна загреана на 50 степени).




Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета површина и нежно премесете го. Потоа поделете го на четири делови, а од секој дел формирајте топче. Потоа на набрашнета површина со помош на оклагија развлечете ја првата кора во форма на правоаголник.




Преку целата површина наросете ситно сирење/фета или фил по ваш избор. потоа од едната страна (подолгата) внимателно свиткајте ја кората во ролат. Постапката повторете ја со сите останати теста, така што ќе добиете 4 ролати.




Една поголема тепсија (40 см) намастете ја на дното, а ролатите исечете ги на парчиња со широчина од приближно 3 см. Парчињата наредете ги во тепсијата едно до друго на мало растојание од 0,5-1 см.




Намастете ги прстите со масло и секое парче лесно притиснете го одозгора, така што секое парче ќе се доближи до соседното. Покријте ја тепсијата со кујнска крпа и оставете да стасува 20-25 минути во топла просторија без провев. За тоа време пригответе го преливот:




ЗА ПРЕЛИВ (сите состојки треба да бидат на собна температура): Во еден подлабок сад скршете две јајца, па додајте една чаша густ јогурт/кисело млеко/кисела павлака (200 мл) и изматете добро со жица маталка додека да се изедначи смесата.




Во смесата додајте 60 мл растопен путер и половина лажичка сол. Изматете добро и со смесата прелијте ја питата преку целата површина. Питата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Оставете малку да подизлади, па послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.