Оваа торта мора да се комбинира со кафе бидејќи тоа е вистинско yживање за нас домаќинките кои по цел ден переме, чистиме, готвиме… На крајот од денот по едно парче од оваа торта и ќе забоpaвите на целиот yмор кој се акyмулирал преку денот.

Рецепт на Блага Блажо Јованови. Од само неколку состојки, оваа торта е многу украсна и може да ја послужувате за родендени и други пригоди. Многу вкусно! Еве кои состојки ќе ви бидат потребни:

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАНДИШПАН: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 3 лажици масло, 3 лажици какао, 5 лажици брашно, 1 прашок за печиво. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 8 лажици шеќер, 2 ванилки, 100 г гриз, 200 г кокос, 100 г маргарин, 200 г желе бонбони, 1 кесичка шлаг пена и малку млеко.




ПОСТАПКА: за пандишпанот се матат 6 јајца, 6 лажици шеќер, 3 лажици масло, 3 лажици какао, 5 лажици брашно, 1 прашок за печиво. Се мати убаво, па смесата се излева во стандарден плех обложен со хартија за печење и се пече на стандардна температура (прво на 180 степени, па после некои 15 минути може да зголемите на 200 и да допечете).

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




ЗА ФИЛ: 1 литар млеко се става во тенџере да се затопли малку, па се додава 8 лажици шеќер, 2 ванилки, 100 г гриз, 200 г кокос и се вари до згуснување. Се трга од рингла и се додава 100 г маргарин и 200 г желе бонбони, па се меша додека е топло.

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




Се прават дупчиња на пандишпанот и се полнат со топлиот фил, се распоредува убаво. Потоа се мати шлаг според упатството на кесичката со малку млеко и шеќер и се украсува врз тортата. Наместо шлаг може и со чоколадна глазура. Фото и рецепт на Блага Блажо Јованови.

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




Бела кремаста и вкусна торта со кокос – брза и без печење, ќе му успее и на тотален почетник (втор рецепт). Брза торта кога сте во гужва и немате многу време. Се прави многу едноставно, кремаста е и вкусна, а што е најважно не се пече, па не губите многу време околу тој дел. Рецептот е толку едноставен што може да го направи и тотален почетник, а тортата сигурно ќе успее.

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување крем кори. ЗА ЖОЛТ ФИЛ: 1 пакување крем за бела торта (или 2-3 пудинзи од ванила), 800 мл млеко, 250 г маргарин/путер, 160 г бело чоколадо, 7-10 лажици шеќер по вкус. ЗА БЕЛ ФИЛ: 1 кисела павлака (180 г), 350 мл газирана вода, 100 г кокосово брашно, 500 г шлаг.

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




ПОСТАПКА: од 800 мл млеко одвојте малку за да ја разматите содржината од кесичката за крем, а остатокот ставете го на оган. Додајте шеќер и мешајте за да се растопи. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата, па додајте ја смесата и сварете со постојано мешање додека да добиете густ крем.

Фото и рецепт: Блага Блажо Јованови




Ако немате ваков крем, тогаш можете да сварите пудинг од ванила. Додека е топол кремот додадете исечкан путер на листови и мешајте додека тој да се растопи. Исто така, додајте и 120 г бело чоколадо искршено на коцки, а остатокот оставете го за декорација.




Добиениот крем тргнете го на страна да излади, а во меѓувреме пригответе го белиот фил. Изматете го шлагот со газирана вода, па во него додајте кокосово брашно и кисела павлака. Промешајте со шпатула за да се изедначи а потоа уште малку и со миксер.




Редење: кора, па жолт фил, па бел фил и повторувајте ја постапката додека да го потрошите целиот материјал. Последната кора премачкајте ја со бел фил и одозгора наросете рендано бело чоколадо. Потоа оставете ја тортата во фрижидер да отстои неколку часови, а најдобро би било да преноќи за да можат корите убаво да омекнат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.