Рецептот за чоколадната веганска торта е најлесниот од сите рецепти за чоколадни торти. Иако оваа торта не содржи ниту јајца, ниту млеко или путер, сепак изобилува со неверојатно пријатен и богат вкус. Оваа веган чоколадна торта се подготвува многу брзо, едноставно и лесно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 240 мл): 1,5 чаша сенаменско брашно (190 г), 1/4 чаша какао во прав (30 г), 1 чајна лажичка сода бикарбона или прашок за печиво, 1/4 лажичка (прстофат) сол, 1 чаша шеќер (200 г), 1/3 чаша масло (80 мл), 1 чаша вода (240 мл), 1 мала лажичка ванилин екстракт, 1 супена лажица оцет (вински или јаболков) или лимонов сок
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА: 2 супени лажици кокосово масло (30 г), 1/3 чаша какао во прав (40 г), 1/3 чаша (100 г) јаворов сируп/агаве сируп/мед или друг течен засладувач, 1 чајна лажичка ванилин екстракт. СОВЕТ: Глазурата може да ја приготвите и на наједноставен начин, со растопување на посно чоколадо со неколку лажици масло
ПОСТАПКА (за калап 20 см): Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, а калапот обложете го со хартија за печење. Во еден подлабок просејте ги сувите состојки: 190 г сенаменско брашно, 30 г какао во прав и 1 чајна лажичка сода бикарбона. Потоа додајте 200 г шеќер и прстофат со, па промешајте за да се изедначат состојките.
Во сувите состојки додајте 240 мл вода, 80 мл масло за готвење, 1 чајна лажичка екстракт од ванила и една сушена лажица лимон сок (или оцет, бидејќи за да се активира сода бикарбноната потребно е да се додаде малку киселина).
Добро изматете со жица-маталка сè додека состојките да се изедначат и да добиете хомогена, полутелна смеса. Вака подготвеното тесто излејте го во претходно обложениот калап за торти со флексибилен обрач од 20 см.
Малку протресете го калапот за да излезат евентуалните воздушни меурчиња и ставете да се пече во претходно загреаната рерна на 180 степени околу половина час или во зависност од рерната (проверете со чепкалка – ако излезе сува кога ќе ја боцнете во колачот, значи дека добро се испекол).
Оставете да се олади 10-тина минути. Потоа остранете го обрачот и оставете да се олади на решетка, сè до собна температура. Потоа пригответе ја глазурата: во еден сад ставете 30 г течно кокосово масло, 100 г агаве/јаворов сируп и 1 лажичка ванилин екстракт, па промешајте.
Потоа додајте 40 г какао во прав, па добро промешајте додека убаво да се соедини во густа-течна глазура. Оваа глазура термички не се обработува и изобилува со хранливи минерали. Доколку ги немате потребните состојки можете да пригответе и обична глазура од чоколадо и масло.
Глазурата прелијте ја врз колачот и распоредете ја. Тортата оставете ја да отстои во фрижидер еден час, а за тоа време глазурата ќе се впие во колачот. Потоа сечете и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.