Не знаеме како луѓето ја одржувале хигиената на домот и подовите, но денес едноставно не можеме да си го замиcлиме живoтот без правосмукалка. Кога треба да го исчистиме домот, таа е еден од неизоставните апарати.




Меѓутоа со долготрајната употреба, со текот на времето при користењето забележуваме дека правосмукалката сè послабо влече и не работи ефикасно како на почетокот. За среќа, решението за оваа ситуација е многу едноставно.




ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ЈА ВРАТИТЕ ПРАВОСМУКАЛКАТА КАКО КОГА БИЛА НОВА:

Отворете го делот на правосмукалката каде се наоѓа кесата за собирање прашина. Обратете внимание на гумата на капакот. За да функционира правилно, оваа гума, при затворањето на капакот, мора да оствари контакт со гумата на кесата за прашина.




Всушност, контактот меѓу двете гуми мора херметички да дихтува. Во овој случај, кога правосмукалката слабо влече, можно е на гумата да се создале наслаги од прашина кои на некои места се дебели и до еден милиметар.




Од овие причини двете гуми не можат добро да се залепат една со друга и моторот наместо да влече воздух ониз цревото на правосмукалката, воздухот се вовлекува помеѓу овие две гуми со што значително се намалува силата на апаратот.




Ваква слична работа може да се случи и на гумениот дел од кесата за прашина. Сигурно претпоставувате дека решението е едноставно. Со влажна крпа отстранете ги тврдите наслаги од гумените делови.




Откако ќе го направите ова, на ред се филтерите кои е потребно да се исчистат. Овие филтри после долго користење на правосмукалката може значително да се извалкаат. Извадете го смукалниот филтер од лежиштето.




Истото сторете го и со филтерот кој го прочистува воздухот кој излегува од правосмукалката. И двата филтри најпрво добро истресете ги за да ги отстраните механички крупните наслаги од прашина.




Потоа исперете ги со детергент и ладна/млака вода. Можете да ставите и нови филтри доколку имате или доколку производителот обезбедил нивна замена.

Меѓутоа, доколку немате резервни или нема од каде да се купат, едноставно испрете ги со нежни движења, без притискање за да не се оштетат (слично како филтрите за клима уредите).




Оставете ги убаво да се исушат на топло и проветно место (потпрете ги така да може да струи воздухот околу нив), а кога ќе бидете сигурни дека на нив нема никаква влага, внимателно вратете ги на своите места.

Кога ќе ја вклучите правосмукалката ќе забележите дека таа повторно работи како нова – добро смука и не се прегрева.