Многу едноставно и брзо, а неверојатно вкусно. Ова се еден вид на уштипци со зеленчук кои мора да ги пробате.
Тестото не треба да се меси, туку се меша со маталка или шпатула и откако ќе стаса му се додава ситно зечкан зеленчук, па се пржи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јајце,
1 чаша топло млеко (200 мл),
1 чаша топла вода (200 мл),
1 кесичка сув квасец (10 г),
1 супена лажица шеќер (20 г),
1 мала лажичка сол (8 г),
4.5 шолји брашно (540 г),
1 компир,
1 црвена пиперка,
2 зелени пиперки,
1 главица кромид,
магдонос,
1 чаша рендан кашкавал/сирење „Тулум“ или какво имате (80 г)
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад скршете едно јајце кое претходно отстојало на собна температура (не смее да биде ладно, извадено од фрижидер, бидејќи ќе ја спречи ферментацијата на квасецот. Изматете го со жица маталка, па додајте ги останатите состојки.
Во изматеното јајце додајте една чаша топло/млако млеко, една чаша топла/млака вода, една кесичка сув квасец, една лажица шеќер и една лажичка сол, па добро промешајте додека сите состојки да се растворат и да се изедначи смесата.
Во смесата започнете постепено да го додавате брашното (вкупно околу 540 г). Матете со кујнката жица-маталка сè додека брашното целосно се впие во течноста и да не останат грутчиња. Смесата треба да изгледа вака:
Покријте го тестото со проѕирна-стреч фолија и оставете на топло место да стасува околу половина час, додека да го удвои својот волумен.
За тоа време пригответе го зеленчукот: измијте го под млаз ладна вода, исцедете го од водата, а потоа исчистете го.
Компирот изрендајте го, пиперките исечкјате ги на колку можете поситни коцкички (многу ситно), а истото направете го со кромидот и еден грст свеж магдонос. Зеленчукот треба да се изечка што е можно поситно за да може убаво да се испржи во тестото.
После половина час, откако тестото ќе стаса, малку промешајте го со шпатула за да излезе воздухот од него. Додајте 80 г ситно сирење или рендан кашкавал, а потоа и сиот иситнет зеленчук.
Промешајте додека да се изедначи смесата, а потоа тестото претурете го во готварска кеса за полесно да ги вадите уштипците. Од тестото може да се црпи и со намастена лажица, а вие направете како вам повеќе ви одговара.
Во широка тава истурете околу две чаши масло за готвење (400 мл) и ставете на оган да се загрее на умерена температура.
Истиснувајте го тестото и сечете со големина по ваша желба. Пржете ги неколку минути додека убаво да заруменат, па вадете ги со решеткаста лажица врз чинија обложена со хартиена салветка. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.