Овој напиток е богат со драгоцени состојки кои благотворно делуваат на коските, и воопшто на целиот локомоторен апарат. Златното млеко ги лечи зглобовите и коските, штити од канцep и други болести на виталните opгани. Златното млеко претставува пијалак на древната индиска медицина. Се верува дека со векови бил чуван во тајност.
Според индиската медицина златното млеко и воопшто златната боја се симбол на здравје и лековитост. Секако, ова млеко има и потврдено многу здравствени придобивки врз телото, врз имунитетот, здравјето на зглобовите, коските, рбетниот столб и речиси врз сите витални opгани.
Златното млеко делува како „подмачкувач“ и помага за повторно воспоставување на ‘рбетната флексибилност и намалување на крутоста при движењето. Корисно е за хематопоезата (формирањето на кpвните клетки), за здравјето на дебелото црево, неpвниот систем и коскеното ткиво.
Рецепт за златно млеко за зајакнување на коските и подобра подвижност на зглобовите: се прави во неколку чекори. Прво направете ја пастата од куркума.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАСТА: 40 г куркума во прав, 130 мл вода, прстофат црн пипер во прав.
ПОСТАПКА: Водата ставете ја во сад на оган. Наросете со прстофат црн пипер за зголемување на апсорптивните лековити дејства од куркумата, па кога водата ќе зоврие додајте го златниот прав. Промешајте, а потоа варете ја така уште неколку минути додека содржината се згусне како паста.
За тоа време постојано мешајте. Ако мешавината е прегуста, додајте уште малку вода. Готовата паста треба да има конзистенција како намаз. Златната паста скларирајте ја во чиста тегла и чувајте ја во фрижидер до 1 месец.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА МЛЕКО: 150 мл млеко (обично или растително), 1 мала лажичка природен, квалитетен мед, или повеќе по вкус, 1 лажичка паста од куркума и 2 цели зрна црн пипер.
ПОСТАПКА: млекото проварете го и во него додајте 2 зрна црн пипер. Тргнете го садот од оган, ставете го млекото во шолја, па додајте од претходно приготвената паста од куркума, околу 1 лажичка. Засладете по вкус и убаво измешајте.
Начин на употреба на златното млеко: Пастата од куркума можете да ја приготвувате во поголема количина и да ја користите во текот на 1 месец, колку што е времетраењето на третманот.
За да ја зачувате во свежа состојба, неколку лажички од пастата оставете ги во затвоpен сад во фрижидер и оваа количина искористете ја во наредните денови. Остатокот замрзнете го и користете го по потреба. Рецептот за подготовка го имате погоре. Златното млеко се пие наутро на празен желудник и навечер пред спиење. Се пие 40 дена, но само 2 пати годишно.
Забелешка: Оние кои имаат проблеми со жолчната кеса, не се препорачува да го пијат златното млеко, бидејќи куркумата може да cтимyлира производство на жолчен сок. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.