Брокулата ја готвам во многу вкусен сос и добивам јадење од кое не ни здосадува. Без печење и комплицирано подготвување, ова е нешто најубаво што ќе го пробате. Сите состојки се запржуваат и ручекот за брзо е готов. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: кромид, брокула, путер, пилешко филе, 2-3 чешниња лук, 1/2 чаша неутрална павлака, кашкавал, пармезан, сол, црн пипер, оригано и плус зачини по вкус. Состојките немаат одредена количина во зависност од тоа за колку луѓе го приготвувате ручекот.




ПОСТАПКА ЗА ДВЕ ЧИНИИ: исечкајте ситно една помала главица кромид и ставете да се пржи во 1 коцка растопен путер во тавче. Во меѓувреме исечкајте 1-2 пилешко филе на коцки и додајте го веднаш кога кромидот ќе застакли. Пржете на тивко.




Исечкајте ситно 2-3 чешниња лук и додајте ги пред крајот од готвењето. Брокулата поделете ја на помали гранки и исечете ги на половина (доволно е да имате половина брокула или 1 мала главица). Додајте ја брокулата во смесата, а потоа прелијте со неутралната павлака и зачинете по вкус.




Оставете смесата да се крчка околу 15 минути, па пред крајот додајте го кашкавалот и пармезанот и почекајте да се растопи. Послужете го ручекот топол со крцкаво лепче, но може и како прилог. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Втор рецепт-ЗЕЛЕНЧУКОВИ КОЦКИ, како проја, но уште поубаво. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 лажици масло, 1 главица кромид, 200 г сланина или некое друго сувомеснато, 2 чешниња лук, 250 г ориз, 300 г сладок компир, една глава брокула со средна големина, една глава карфиол (среден).




И УШТЕ: 200 г замрзнат грашок, 200 г рендан кашкавал (поголемиот дел се става во смесата, и се остава малку за на крај за поросување), 5 јајца, изматени со виљушка,  1 лажица вегета или сол по вкус.




ПОСТАПКА: Кромидот се сечка на ситни коцки, како и сланината и лукот. Се пржи во загреано масло прво кромидот, па кога малку ќе омекне се додава сувомеснатото и негде при крајот ставете го лукот.




Кога кромидот ќе омекне, а сланината и лукот ќе станат крцкави се трга настрана и се додаваат оризот кој претходно треба да го сварите, исто и слаткиот компир изрендан, како и брокулата која се сече на ситно и карфиолот, и грашокот. Се загрева рерната на 200 степени, тепсијата во која ќе се пече, се обложува со хартија.




Се истура смесата во претходно обложен со хартија, смесата се притиска убаво и се пече околу 30 минути додека да зарумени одозгора. Пред крај се поросува со дел од ренданиот кашкавал. Откако ќе ја извадите од рерна се остава 10-15 минути да одмори, а потоа се сече и послужува. / Coolinarka.com