Не можам со сигурност да тврдам дека овој колач се приготвува во манастирите, но според едноставните состојки и посниот облик на колачот, верувам дека е така. Се проготвува многу лесно, сите состојки се мешаат со обична лажица или маталка, па смесата се излева и се пече. Пробајте го, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл вода (2 чаши од по 200 мл), 12 супени лажици шеќер, 20 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 8 супени лажици ореви ( мелени и сечкани, исто така и блендирани), а тоа е околу 150 г, 4 полни супени лажици некој (домашен, да не е многу густ) џем, по можност со киселкаст вкус (користев домашен од праска), и уште 4 супени лажици џем и 2 лажици мелени ореви за наросување
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете четири полни супени лажици џем, па постепено додавајте топла вода за да се раствори. Мешајте додека убаво да се растопи.
Во слатката течност започнете постепено да го додавате брашното помешано со прашокот за печиво, па добро изматете со жица-маталка, неколку минути додека смесата да стане компактна и мазна, без грутчиња.
На крај додајте ги оревите кои може да бидат мелени, ситно сечкани, а најдобро е мешавина. Освен ореви може да користите и јаткасти плодови какви имате, т.е.по ваш вкус. Добро измешајте да се изедначи смесата.
Вкусната смеса истресете ја во некој плех со средна величина, претходно обложен со хартија за печење. Распоредете ја рамномерно и израмнете ја површината со протресување на плехот.
Потоа ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу половина час. Печениот колач веднаш премачкјате го одозгора со две лажици џем и наросете го со мелени ореви. Оставете да се олади, па сечете и послужете. Кој сака колачот може да го прелие и со посна чоколадна глазура:
За чоколадна глазура: 200 г посно чоколадо помешајте со 2-3 лажици масло и растопете ги на тивок оган додека целосно да се растопи. Потоа глазурата постепено додавајте ја врз колачот и рамномерно распоредете ја.
Одозгора можете да наросите мешавина од мелени и сечкани ореви или лешници и бадеми или кикирики. Што и да употребите ќе биде вкусно и декоративно. Колачот е мек како памук, многу вкусен и мирисен. / domaсireсeрti.сom