Пената за бричење може да стане есенцијална состојка во кујната или во средствата за чистење. А дури и некои површини во домот полесно се чистат со пена за бричење отколку со силните детергенти.




Трикот за перење на седиштата во автомобилот, кој една жена го сподели на својот Фејсбук профил е еден од најкорисните кои некогаш сме ги виделе. Трикот вклучува само една состојка, а тоа е пена за бричење. Покрај пената ќе ви биде потребна и стара четкичка за заби.




Коментарите под изумот на жената која го смислила овој метод на чистење беа воодушевувачки, а очигледно најмногу им помогнало на жените кои со години имале мака со чистење на автомобилските седишта кои често се валкаат, а најмногу кога на дечињата ќе им се истури нешто.




Џоана Данстон (57) овој трик го пробала откако го открила на Интернет, пренесува „Daily Mail“. Одлучила да го испроба на валканите седишта од нејзиниот автомобил. Како што вели самата, изгледале како никогаш да не може да ги исчисти, биле преполни со дамки и прашина.




Потоа ставила пена за бричење, со рацете почнала да ја нанесува на седиштата, а на крајот нежно почнала да трие со четкичката за заби и ја оставила да делува 15 минути. Џоана потоа со топла вода и чиста крпа од микрофибер ја отстранила пената.

Фото: Џоана Данстон




„Морам да бидам искрена, се изненaдив и јас, излезе неверојатно“ – потврди Џоана. Жените на интернет неодамна откриле еден интересен трик, како бањата да засвети како да е нова и тоа без нималку труд.




Имено, оваа идеја беше објавена во Фејсбук групата „Moms who clean”, каде една мајка го откри својот необичен метод за чистење кој дава фантастични резултати. Единствениот производ кој ви е потребен за ова – е обичен крем/пена за бричење.

Фото: Џоана Данстон




Сега сите и‘ благодарат за споделената информација, за која многумина сметаат дека е многу корисна. Методот е едноставен: Цела бања, со посебен акцент на WC школката, треба да се прекрие со пена за бричење и да се остави да делува неколку часови. Откако пената ќе отстои неколку часови, едноставно исперете ја со топла вода и тоа е сè.




Пената за бричење е практично сапуница која содржи многу повеќе калиум хидроксид од обичните средства, што значи дека побрзо и подобро се раствора во вода. Дава фантастични резултати, а се плакне многу полесно од класичните средства за чистење.




Иако постојат многу техники за чистење на работните површини, па дури и со сода бикарбона и алкоxолен оцет, од организациски аспект и заштеда на време полесно е да се исчистат некои дамки со пена за бричење како закоравени тавчиња и тенџериња, ‘рѓосан накит, дамки на теписите и чергичињата..