Тестото е душа, многу меко и убаво, а кифлите излекуваат лесни како пердув, меки како пена. Ако не знаете што е пена-тесто, тогаш пробајте ги овие совршени кроасан кифлички со путер. каква убавина! Рецепт на Јелена Петровиќ од Бабина кујна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл млеко, 450-500 г брашно, 15 г квасец (1/2 коцка), 100 г путер или маргарин добро изладен, 1 јајце, 2 лажички шеќер, малку сол. ЗА ФИЛ: 150 г сирење и 1 белка. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 1 жолчка, 1 лажица млеко, 1 лажица масло и сусам за наросување.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад во кој вообичаено замесувате тесто, ставете малку топло млеко, додајте го изронетиот квасец, шеќерот и една лажица брашно. Добро промешајте за да се растворат состојките и да нема грутчиња. Поклопете и оставете на топло место 10-тина минути за да се активира.




Кога квасецот ќе запени додајте го остатокот од млако/топло млеко, јајцето кое претходно сте го оставиле на собна температура, промешајте, па започнете постепено да го додавате брашното помешано со малку сол, околу една лажичка.




На почетокот мешајте со лажица, а кога тестото ќе згусне замесете го со рака. Потребно е да го месите околу 7-8 минути за да се изедначи целосно, да нема грутчиња од брашното и да стане мазно. Не ви е потребна некоја посебна вештина околу месењето, туку работете го како вам ви е најлесно.




Откако ќе го замесите тестото оставете го во некој чист сад претходно малку намастен, па покријте го тестото со капак или проѕирна-стреч фолија и оставете го да стасува на некое топло место без провев, околу 20-30 минути или додека да го удвои волуменот.




Потоа тестото истресете го врз работна површина која претходно малку сте ја набрашниле. Нежно премесете го и поделете го повеќе (8-9) приближно еднакви помали делови, а од нив формирајте топчиња.




Топчињата повторно покријте ги со проѕирна фолија или кеса и оставете ги да одморат 10-тина минути. Потоа секое топче развлечете го со оклагија во тенка кора со големина на голема чинија. Врз секоја кора изрендајте студен путер (кратко ставете го во замрзнувач за да стврдне – полесно се ренда).




Корите редете ги една врз друга а помешу рендајте путер, освен на последната. Тестото веднаш се развлекува во една поголема тенка кора, нема потреба да го оставате во фрижидер, бидејќи путерот/маргаринот е ладен.




Потоа од кората сечете триаголници, со лажичка вадете од филот (ситно сирење помешано со една сирова белка од јајце) и полнете ги триаголниците, па виткајте ги во кифли. Оставете ги во плехот (обложен со хартија) да стасуваат половина час, покриени.




Кога ќе нараснат кифличките одозгора премачкјате ги со мешавина од жолчка и млеко, па наросете го сусам, ким, или нешто по ваш вкус. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час, а потоа покријте ги со кујнска крпа уште 15 минути за да подизладат. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.