Во нашата архива може да најдете многу рецепти за куглоф, солени или благи. Без разлика кој ќе одлучите да го направите, нема да се покаете. Во продолжение може да прочитате неколку рецепти и да изберете според ваш вкус. Првиот рецепт е класичен чоколаден куглоф кој ги освојува дури и оние пребирливите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 200 г мек путер/маргарин, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 320 г брашно, 2 мали кесички прашок за печиво, 100 мл млеко, 2 лажици какао, 100 г стопено чоколадо.




ПОСТАПКА: Подгответе калап за куглоф премачкан со малку масло. Чоколадото се сече на помали парчиња и се топи на пареа. Путерот и шеќерот изматете ги пенасто со миксер, па додавајте едно по едно јајце, така што секое јајце ќе го изматите 10 секунди пред да го додадете наредното.




Потоа додајте го брашното измешано со какао, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер, како и млекото и растопената чоколадо. Се меша да се соедини се’ во еднолична кремаста смеса.




Пред самиот крај додајте по вкус чоколадни парчиња од околу 100 г или само сечкана чоколада и измешајте со лажица во смесата. Истурете го тестото во калап за куглоф и печете на 180 степени 35-40 минути (проверувајте со чепкалка). Изладениот куглоф посипете го со шеќер во прав. /Сoolinarka.com




Вториот рецепт е на Соња Коцман. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г брашно, 2 јајца, ½ квасец, 100 мл масло, 1 шолја од 200 мл шеќер или по вкус, 350-400 мл млака вода. ЗА ФИЛ: 300 г мелен мак со шеќер по вкус, попарено со топло млеко.

ПОСТАПКА: Во брашното додајте актиран квасец и сите останати состојки, па замесете меко и мазно тесто кое не се лепи на рацете. Покријте го и оставете го да стаса.




Потоа тестото премесете го и поделете го на два дела. Едниот дел да биде поголем, а во вториот дел додајте малку какао, за да добиете кафеаво тесто. Од белото тесто направете неколку топчиња, а потоа развлечете ги во долгнавести, а тесни кори.




Секоја кора премачкајте ја со фил од мак, а во средината ставете валјак направен од кафеавото тесто (види фото). Свиткајте во вид на ролат. Редете ги во намастен куглоф и оставете на топло место да стаса. Одозгора премачкјате со млеко и печете во загреана рерна на 180 степени.




ТРЕТ РЕЦЕПТ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА THANGZHONG СТАРТЕР: 200 мл млеко, 25 г скробно брашно. СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 300-310 г брашно, 100-150 г шеќер, 50 мл масло, 1 портокал – рендана кора, 1 ванилин шеќер.

ЗА СВЕТЛО ТЕСТО: 5 г какао, 1 лажица млеко. ЗА ТЕМНО ТЕСТО: 15 г какао, 2 лажици млеко. И УШТЕ: 3,5 г сув квасец, 1 лажица брашно, 1 лажичка шеќер (се одзема од вкупната количина за тесто).




ПОСТАПКА: Прво се прави „tangzhong“ стартерот: Во сад се става околу 150 мл млеко, се става на оган. Во преостанатото млеко се разматува густинот, па се додава во зовриеното млеко и постојано се меша додека да згусне. Се трга на страна да се олади со повремено мешање да не фати коричка.

Додека стартерот се лади, загрејте 50 мл млеко да биде топло, но не врело, па додајте лажичка шеќер, сувиот квасец (ако користите свеж доволни се 10 г) и лажица брашно, па убаво промешајте и оставете 10-тина минути да се активира квасецот.




Во подлабок сад ставете го изладениот стартер, активираниот квасец, додајте шеќер, кора од портокал (може и 10-тина капки природно масло од портокал), масло и половина од брашното. Замесете со рака, а може и со миксер.

Мекото брашно истресете го врз набрашнета работна површина и со постепено додавање на преостанатото брашно месете додека да добиете мазно и меко тесто кое не се лепи за раце.

Тестото оставете го да одмора, а за тоа време пригответе го какаото за двете теста. Во еден сад ставете 5 г какао во прав и лажица млеко или вода, па соединете во кремаста густа смеса, а во друг сад ставете 15 г какао и 2 лажици млеко/вода.

Добиеното тесто поделете го на два дела од кои едниот тргнете го на страна и тоа ќе биде белиот дел. Втората половина поделете ја на два дела, а во едниот додајте ја смесата со помалку какао, а во вториот дел смесата со повеќе какао. Така ќе добиете, три теста со различна боја. Секое од тестата поделете ги на 9 топчиња и покријте ги за да не се сушат.

Плех за леб со величина од 10х20 см или слично, обложете го со хартија за печење. Од светло кафеавите топчиња правете валјаци со должина на калапот и ширина од околу 5-6 см (ако ви се лепи тестото може да додавате малку брашно или густин).

Од темните топчиња правете тенки валјаци со иста должина како претходните, па завиткувајте ги во светло кафеавите, да добиете како дебели пури. Овие пури завиткувајте ги во овалните кори направени од белите теста (погледни фото).

Малите ролатчиња редете ги во приготвениот калап и редете ги по ваша желба (јас ги редев по три во три реда). Покријте и оставете на топло место околу еден час или повеќе за убаво да стаса и да се удвои. Тестото премачкајте го со млеко и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, но веднаш намалете на 170 степени.

Печете околу 35 до 40 минути. Печениот колач изладете го на жица. Одозгора може да го прелиете со чоколадна глазура и да го наросите со ситно сечкани лешници. А може да го наросите и само со шеќер во прав. / Сoolinarika.com