Постојат рецепти кои се совршени токму поради нивната едноставност. Се приготвуваат од комбинација на само неколку состојки, но во точна мера помешани се претвораат во врвни десерти.




Овој рецепт е еден он нив. Потребните состојки за негово приготвување ги има во секој дом, што значи дека нема потреба од специјално пазарење и потрага по некои продукти низ рафтовите на продавниците. Изберете го само вашето омилено овошје чиј вкус сакате да го има колачот и за 5 минути измешајте ги состојките.




Ќе ви преостане само да го испечете, а потоа можете веднаш да го јадете наросен со шеќер во прав или прелиен со глазура, а може да го пресечете на половина и да го премачкате со некој џем, па да направите „сендвич“ колач. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши (од 200 мл) брашно, 1 чаша јогурт, 1/2 чаша шеќер (може да се менува количината во зависност од овошјето и секако, по вкус), 2 јајца, 2/3 чаша од вашиот омилен џем, 1 лажичка сода бикарбона и неколку капки оцет или лимонов сок




ПОСТАПКА: Во подлабок сад истурете го џемот (може да биде од јагоди, од вишни, цреши.. и да содржи цели парчиња овошје). Земете една лажичка сода бикарбона и накапете во неа киселина (оцет или лимонов сок) за да се активира (да се направи „гасење“).




Ќе забележите дека содата бypно ќе запени. Истурете ја веднаш во џемот и добро промешајте со жица-маталка додека да се изедначи. Оставете 10 минути додека да заврши реакцијата и малку да запени целата смеса.




Потоа во смесата додајте една чаша јогурт и повторно промешајте за да се изедначи. Во оваа мешавина додајте и половина чаша шеќер, па уште малку матете додека шеќерот започне да се растопува. Најпосле додајте и едно јајце на собна температура.




Добро изматете за да се инкорпорираат сите состојки и да добиете изедначена смеса. Во оваа смеса започнете постепено да го додавате брашното. Ќе ви бидат потребни околу две чаши, но тоа може да варира во зависност од самото брашно, но и од другите состојки.




Добро изматете додека да добиете мазна полутелна смеса без грутчиња. Ако ви е премногу густо, тогаш додајте уште малку јогурт, а доколку ви се чини смесата премногу ретка, тогаш додајте уште малку брашно. Смесата треба да изгледа вака:




Излејте ја во плех од рерна (за потенок колач) или во плех со средна величина, обложен со хартија за печење и намастен со масло (врз хартијата ставете малку масло, зошто во тестото нема воопшто), распоредете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 40-45 минути во зависност од рерната. Деталите погледнете ги ОВДЕ.