Оваа пита беше толку сочна што веднаш земав да направам тесто и за следниот ден. Добро е што не се чека тестото да стасува, туку веднаш се развлекуваат корите, се филува и се става на печење. Ќе ја обожавате сите, особено децата.
Дури и најнеискусните домаќинки ќе можат да се покажат пред домашните со оваа пита. Навистина сите ќе мислат дека сте некој професионалец за тесто, толку е едноставно. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 2 јајца, 75 мл масло, 250 мл млеко, 70 г скроб (или брашно), 100 г путер, 200 г тврдо сирење, уште 2 јајца за филот, 200 г свежо сирење, 10 г копар, 10 г младо кромитче и уште 200 мл млеко и сол по потреба.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад замесете го тестото на следниот начин. Направете вдлабнатина на средина и во неа додајте 1 лажиче сол, околу 10 г. Скршете две јајца, додајте го маслото и 250 мл млеко. Почнете да ги мешате состојките со шпатула, а кога ќе почне да се формира тесто, замесете го со раце.
Замесете фино и меко тесто, нелепливо под прсти кое не треба да се распаѓа. Не треба да чекате да стасува, туку веднаш префрлете го на набрашнета површина и поделете го на три еднакви делови. Секој дел со рака развлечете го во тенок валјак и потоа пресечете на 14 еднакви делови.
Формирајте топчиња од секој дел и складирајте ги посебно во 3 чинии од секој дел. Треба да имате подеднакво топчиња тесто на располагање на трите места. Покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да одмораат 10 минути додека да го подготвите филот.
ЗА ФИЛОТ: Изрендајте го кашкавалот, па измешајте го со јајцата, посолете и додајте 200 г дробено свежо сирење. Според количината на сол во сирењето и кашкавалот проценете колку ќе ви биде потребно да додадете. Потоа додајте ситно сечкан свеж копар (или сув) и ситно сечкано младо кромитче. Соединете.
Топчињата започнете да ги развлекувате со оклагија во тенок круг со додавање на скроб или брашно за да не ви лепи тестото. Редете ги како палачинки едно врз друго секој дел посебно, да добиете 3 големи кули од тесто. Помеѓу секое тесто наросувајте малку скроб или брашно.
Во намастена тава ставете го првиот ред од тесто и филувајте со еден дел од филот. Одозгора ставете го вториот дел, односно целиот преостанат и на крајот завршете со третиот. Исечете ја питата директно во плехот со нож на коцки и премачкајте со растопениот путер.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути, а потоа извадете и прелијте со млеко. Вратете на печење на истата температура уште 15 минути, а потоа повторно издвојте ги претходно исечените парчиња со нож. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.