Ваков убав колач немав јадено долго време, сè додека не го пронајдов овој рецепт кој се подготвува за 5 минути, а се пече после уште кратко време. Со неколку состојки ќе го подготвите без да валкате многу садови. Покрај тоа изледа навистина декоративно…




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г урда/крем сирење, 1 јајце, 50 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 20 г скроб (нишесте). И уште: 4 јајца, 140 г шеќер, 5 г ванилин шеќер, прстофат сол, 100 г растопен путер, 30 г какао, 10 г прашок за печиво.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го крем сирењето и малку разредете го со виљушка. Додајте 1 јајце, шеќерот, ванилиниот шеќер и скробот. Вака подготвената смеса добро соединете ја додека состојките да се инкорпорираат па префрлете ја во специјална кеса за шлаг (шприц).




Ако немате, можете и вие да направите: во шолја ставете една мала најлонска ќесичка и наполнете ја со кремот. Одозгора добро стегнете ја, а потоа долу исечете во косина од врвот и филувајте подоцна.




Другите состојки соединете ги на овој начин: скршете ги јајцата и изматете ги пенасто со миксер, постепено додавајќи го шеќерот. Додајте го ванилиниот пеќер и прстофат сол, а потоа додајте го и растопениот путер.




На крајот преку сито, просејте ги какаото и прашокот за печиво и соединете ја целата смеса додека да стане чоколадна. Оваа смеса префрлете ја во калап со димензии 30 см со 20 см и добро измазнете, а одоздола поставете хартија за печење.




Со белиот фил одозгора филувајте линии (како што е прикажано на сликата подолу) прво хоризонтално, па вертикално, а на средина да останат коцки од чоколадната смеса. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Не го пропуштајте и следниот рецепт:




Може да го прочитате и следниот рецепт: Чоколадни коцки – брзи и едноставни, од само 3 состојки. Чоколадни коцки, многу едноставен рецепт, готов за помалку од еден час. Подолу можете да го погледнете видеото за негово приготвување.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г нутела или некој сличен намаз, 4 јајца, 110 г брашно, џем по желба. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г чоколадо за готвење, 4-5 лажици вода.

ПОСТАПКА: Во нутелата додајте јајца и добро промешајте. Потоа додајте го брашното. Смесата излејте ја во калап за печење 38х25 см (обложен со хартија за печење) и печете во загреана рерна на 180 степени.




Проверете со чепкалка: кога ќе ја прободете во средина, таа треба да излезе сува. Кога бисквитот ќе подизлади, поделете го на две половина, па едната кора премачкајте ја со џем. Можете да одберете џем по вкус. Преклопете со втората кора и одозгора прелијте со чоколадна глазура. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.