Вкусен непечен десерт со јагоди и нежен крем кој се топи во уста. Многу лесно, брзо и неодоливо вкусно. Ако ви се допаѓа идејата за овошна торта приготвена за многу кратко време, без печење, а со вкус на чискејк, тогаш сте на вистинското место.
![]()
![]()
![]()
![]()
Овој рецепт вреди да си го запишете, бидејќи не само што ќе добиете многу вкусен колач, туку секогаш ќе ве отстрами пред ненајавените гости. Се приготвува многу брзо, а има вкус и изглед како да е излезен од слаткарница. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г бисквити (мелена плазма), 100 г путер, 1 литар млеко, 2 кесички пудинг со вкус на ванила (80 г), 6 лажици шеќер (или по вкус), 300 г јагоди (може и друго бобесто овошје), 500 мл вода, 1 пудинг со вкус на јагода (40 г), 4 лажици шеќер
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА (за калап 15х20 см): Растопете 100 г несолен путер во микробранова печка или на многу тивок оган. Директно во калапот во кој ќе го правите колачот истурете ја мелената плазма – 250 г (или мелени бисквити по ваш избор) и додајте го растопениот путер.

![]()
![]()
![]()
![]()
Мешајте додека да се соединат состојките и да добиете конзистенција на влажен песок. Откако убаво ќе се измешаат плазмата со путерот, со шпатула или лажица распоредете ја рамномерно на дното и лесно притиснете одозгора за да се израмни и притисне. Ова е подлогата на колачот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во едно тенџере истурете еден литар млеко, додајте две кесички пудинг со вкус на ванила (76 г – 80 г) и 6 супени лажици шеќер или по вкус. Добро изматете со жица маталка додека да се изедначат состојките, да нема грутчиња.





Потоа тенџерето ставете го на оган и загревајте на умерена температура додека да се згусне со непрекинато мешање. Пудингот веднаш додека е топол (директно од рингла) излејте го врз подлогата од кекси. Распоредете и израмнете.

![]()
![]()
![]()
![]()
Јагодите претходно измиени и исцедени исечкајте ги ситно. Може да користите и малини во комбинација со пудинг од малини, или банани во комбинација со пудинг од карамел или чоколадо…изборот е ваш.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во едно тенџере ставете 500 мл вода и додајте една кесичка пудинг со вкус на јагоди и 4 супени лажици шеќер (овде шеќерот се додава по вкус, па доколку користите покисело овошје ставете повеќе, а ако користите послатко овошје, тогаш ставете помалку).

![]()
![]()
![]()
![]()

Промешајте убаво додека да се раствори прашокот и да нема грутчиња, па повторно ставете на оган и варете со непрекинато мешање додека смесата да се згусне. Оваа смеса излејте ја врз пудингот од ванила, а одозгора наредете ги јагодите. Оставете да се олади пред послужување.

































