Ова е старинска торта, каква што ја правеа нашите мајки и баби. Позната е под името „тенџере“ или „кутлача“ торта, но најадекватен назив сепак е „чудо“ торта, бидејќи за сето време при подготовката се чудите колку за состојките, толку и за начинот на приготвување. Рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ, а подолу има и видео презентација на Ема од Емилина Кујна.

„Чудо торта“ – Рецепт и фотографија на Драгана Ѓорѓевиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за една кора): 2 јајца, 10 лажици шеќер, 12 лажици млеко, 13 лажици брашно, 2-3 полни лажици какао во прав, 1/2 кесичка прашок за печиво, 1 лажица масло. Овие состојки се потребни за една кора, а вам ви се потребни да испечете две кори.




Потребни состојки за фил: 1 литар млеко, 15 лажици шеќер, 250 г путер или маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 150 г мелена плазма, 200 г мелени ореви. За глазура: 200 г чоколадо за готвење и малку слатка павлака. Корите се печат во калап 28 а би можело и во 30. Порано ги печеле во длабоко тенџере од 5 литри, па затоа оваа торта имала и назив „тенџере“ торта.




ПОСТАПКА: Во длабок сад ставете две јајца и пенасто изматете ги со помош на електричен миксер. Додека ги матите постепено додавајте 10 супени лажици шеќер. Матете непрекинато додека шеќерот да се растопи а јајцата да згуснат и да станат кремасти.




Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: 13 супени лажици брашно, половина кесичка прашок за печиво, 2 лажици какао во прав. Соединете ги состојките додека да се изедначат. Во изматените јајца додајте 12 супени лажици млеко и 1 супена лажица масло.




Потоа низ сито просејте ги сувите состојки, па додадете ги во смесата со матените јајца. Изматете со миксерот најпрво на послаба брзина додека се натопат прашкастите состојки, а потоа продолжете на поголема брзина додека да добиете изедначена хомогена смеса.




Добиената смеса излејте ја калап за торти со обрач бр.28. распоредете ја смесата рамномерно подеднакво, малку протресете го калапот за да излезат евентуалните меурчиња, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.

Печената кора проверете со четкалка дали е готова, па доколку чепкалката излезе сува кога ќе го боцнете бисквитот, значи дека е убаво печена и можете да го извадите обрачот. На идентичен начин со истите состојки и постапка, испечете уште една кора (потребни се две кори). Кога ќе се оладат корите пресечете ги на половина, така да добиете четири тенки кори.




За фил: Во едно тенџере ставете еден литар млеко, па додајте 250 г путер или маргарин исечкан на помали коцки и 200 г чоколадо искршено на коцки. Во млекото додајте и 15 лажици шеќер (или по вкус), 150 г мелени плазма кекси (или други по желба) и 200 г мелени ореви. Промешајте ги внимателно состојките, па тенџерето ставете го на рингла на умерен оган и загревајте го додека да зоврие.




Четири полни кутлачи излејте на дното од калапот во кој се печеа корите и рамномерно распоредете ја смесата. Одозгора ставете една ладна кора и нежно притиснете со дланките. Повторете ја постапката, односно прелијте ја кората со четири кутлачи од приготвениот прелив.

Рамноменро распоредете и израмнете, па ставете ја втортата кора. И неа нежно притиснете ја со дланките за да се залепи за филот. Прелијте ја со четири кутлачи фил, распоредете и израмнете. Истата постапка повторете ја и со третата кора, а на крај и со четвртата кора.




Вака прелиената торта оставете ја да се лади на собна температура. По некое време корите ќе го впијат филот, а тој ќе се стврдне. Тргнете го обрачот, па премачкајте ја тортата од страните со преостанатиот фил. Потоа пригответе ја чоколадната глазура за декорација.

Во едно помало тенџерче ставете 200 г искршено чоколадо за готвење и прелијте со малку слатка павлака околу 50-100 мл. тенџерето ставете го на рингла на тивок оган и мешајте додека да се растопи чоколадото и да добиете течна чоколадна глазура.

Тортата украсете ја со половини јатки од ореви и одозгора прелијте ја со чоколадната глазура. Завршете ја декорацијата со мелени ореви. Оставете да се олади и стегне, па послужете ја. Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.