Ако имате дома брашно, не двоумете се и пригответе го ова тесто за кое ви се потребни само уште сол и вода. Откако ќе го замесите тестото, тоа се остава да одмори во растопен путер, а потоа може да се развлекува без cyкало или без да го тегнете на чаршав. Потребна ви е само рамна, мазна работна површина, а постапката прочитајте ја подолу:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 чаши брашно (750 г), 3 чаши вода (600 мл), 1,5 лажичка сол (12 г). ЗА ФИЛ: 1 голема главица кромид (или две помали), 500 г исчистен спанаќ само листови (ситно исечкан), 1 лажичка сол. Освен оваа посна верзија, можете да филувате со мелено месо, сирење, компир, тиква… И УШТЕ: 1 чаша растопен путер/маргарин/маст/масло




ПОСТАПКА: Во еден поголем сад истурете го брашното и во средината направете вдлабнување. Наросете ја солта, па во вдлабнувањето истурете две чаши вода, а последната (третата) чаша додавјте ја постепено.




Додека брашното ја впива водата мешајте со лажица или цврста шпатула, а потоа замесете со рака. Ова тесто бара подолго месење, околу 5-8 минути додека убаво да се поврзе. Можеби ќе ви се чини малку лепливко, но доработете го уште малку на работна површина без да додавате брашно, такво треба да биде.




Формирајте топка и тестото вратете го во садот. Покријте го со кеса или проѕирна фолија и оставете го да одмори 10-тина минути. Потоа истресете го на малку набрашнета површина и со помош на дланките развлечете го вид на велна или валјак за да можете полесно да го поделите на 22 приближно еднакви делови.




Од секој дел формирајте топчиња со едноставно ролање помеѓу двете дланки. Растопете една чаша путер и оставете малку да подизлади, но сепак да биде во течна состојба. Истурете го во некој широк и длабок сад.




Секое топче малку сплескајте го, па ставете го во путерот да се натопи од двете страни. Постапката повторете ја со сите топчиња тесто. Потоа поклопете со проѕирна-стреч фолија и оставете вака да одмори еден час. За тоа време пригответе го филот:

ЗА ФИЛ: пропржете го ситно исечканиот кромид и додајте ситно сечкан спанаќ. пржете додека да омекне, а потоа тргнете на страна да се олади.




По изминатото време извадете едно топче врз мазна работна поврпина и започнете да го развлекувате со притискање со дланките. Ќе забележите дека тестото е многу еластично и се развлекува во многу тенка кора, тенка како лист, дури и проѕирна, а не се кине.




Бидејќи корите се многу тенки, можете да ги виткате како сакате: како триаголници, како ролни, како квадрати или како сарми. Ние овојпат се одлучивме за мини-питички, каде кората се преклопува од двете страни со што се добива долг правоаголник, а потоа се става една лажица фил и се дипли.

Вака приготвените кифли-питички ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.