Карфиолот го спремив на таков начин што сите помислија дека е некое скапо месо. Дури и сопругот што постојано одбиваше да јаде похуван зеленчук сега го обожува ова јадење и ми бара постојано да го правам.
Ќе ви бидат потребни само неколку основни состојки. За неколку минути ќе го спремите ова предјадење, повкусно е од месо. Однадвор се златни и крцкави, а одвнатре има некој сочен вкус. Одлично одговара со некој убав сос како тартар. Еве што ќе ви биде потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,3 кг карфиол, 150 г лебни трошки/презла, 1 чешне лук, 100 г брашно, 3 јајца, 5 лажици маслиново масло, 1 мала лажица италијански зачин или обичен, 1 мала лажица сув магдонос, 50 г пармезан, сол, црн пипер.
ПОСТАПКА: Карфиолот исечете го на помали главици и отстранете ги зелените делови. Исечете главици во големина како што ставате за супа или колку мислите вие. Ставете ги во тенџере со малку сол и прелијте со вода над нив. Ставете да се готват на рингла 5 минути по зовривање на водата.
Во меѓувреме направете ја смесата за похување: во лебните трошки додајте ситно исечкано чешне лук или издробено. Додајте го маслиновото масло, зачинете со специјален зачин, сол, црн пипер, додајте го сувиот магдонос и ренданиот пармезан.
Измешајте ги состојките. На друго место скршете ги трите јајца, а на трето место ставете го брашното. Варениот карфиол процедете го од водата и оставете малку да се олади и исуши. Главиците прво валкајте ги во брашно, па во јајце и на крај во специјалната мешавина за похување.
Вака подготвениот карфиол редете го во плех со хартија за печење и печете на 180 степени, 15 минути. Ако сакате да направите вкусен прелив сос со кој ќе ги послужите овие печени карфиолчиња ќе ви биде потребно следново: половина китка магдонос исечкајте ситно и додајте во 200 г кисела густа павлака.
Зачинете со црн пипер, сол, додајте половина лимонов сок и прелијте со 100 г јогурт. Измешајте ги состојките и сосот е подготвен. Совет од читатели: Не ги фрлајте зелените делови од карфиолот. Само извадете ги стебленцата, а зелените делови зовријте ги во вода.
Потоа направете паста од малку лук (ситно сечкан) и зелено чили. Малку пропржете ја пастата во малку масло и сол. Овој рецепт доаѓа директно од Индија и оди одлично со ориз. А за полесен начин за похување на карфиолот или месо можете состојките како јајце и брашно да ги ставате во посебни зип кесички и со шпатула да ги преместувате едно во друго.
Овој начин е доста полесен, побрз и прави помалку неред. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.