Ова е многу лесен рецепт за тесто кој на сите им успева од првпат. Со малку месење и кратко чекање на тестото да стасува. Децата ги обожаваат овие мали коцки од тесто кои многу потсетуваат на купечките замрзнати лиснати печива кои треба само да се испечат за да бидат готови.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 500 г брашно, 2 големи лажици шеќер, 40 г свеж квасец, прстофат сол, 1 јајце, 100 мл масло и 300 мл млеко. Ако сакате тестото да го направите со сув квасец во тој случај ставете 2 кесички сув инстант квасец или тоа е еквивалентно на 4 големи лажици.




ЗА ФИЛОТ ОД ПУДИНГ: 40 г пудинг од ванила, 3 големи лажици шеќер, прстофат сол, 800 мл млеко. ПОСТАПКА: Ако користите свеж квасец издробете го во еден сад, а сувиот само истресете го од кесичките.




Додајте 300 мл млеко отстојано на собна температура минимум 1 час и промешајте со жица/маталка. Во смесата додајте 1 голема лажица брашно, 1 голема лажица шеќер и прстофат сол. Измешајте ги состојките и покријте го садот со крпа и оставете да надојде 10 минути, да запени квасецот.




По изминатото време додајте уште 1 лажица шеќер, уште малку сол, 1 јајце и маслото. Измешајте ги состојките и постепено додавајте го остатокот од брашното. Замесете ја малку смесата прво со лажица, а потоа со раце додека да се формира тесто.




Тестото не треба да го премесувате премногу, иако може да биде лепливо доволно е само да се оформи. Потоа повторно покријте го со крпа и оставете да стасува 30 минути. Префрлете го на набрашнета површина, ако е потребно додајте повеќе брашно да не се лепи, а во исто време набрашнете ја и оклагијата.




Развлечете го тестото во правоаголник со дебелина од половина до еден прст, како што е прикажано на сликата подолу. Вака подготвеното тесто сечете го на ленти со дебелина од 1,5 до два прсти како фурнаринки. Секоја лента префрлувајте ја во плех обложен со хартија за печење, да бидат распоредени една до друга.




Кога ќе ги наредите пресечете ги хоризонтално како коцки. Помеѓу секоја коцка од страните премачкајте со малку масло. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Во меѓувреме направете го пудингот:




Во тенџере ставете 2/3 од млекото, а остатокот зачувајте го за подоцна. Тенџерето со млекото ставете го на рингла, додајте шеќер и сол и почекајте да зоврие. Во преостанатата третина од млекото додајте го прашокот за пудинг и промешајте.




Кога млекото ќе зоврие додајте го остатокот и со постојано мешање гответе додека да се згусне во фина смеса без грутчиња. Послужување: Во чинија ставете 1-2 кутлачи од пудингот и одозгора неколку коцки од печивата. Милина за децата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.