Густата и бујна коса е сон на секоја девојка. Ако имате проблем со опаѓање на косата, можеби веќе сте се откажале од идејата дека некогаш ќе имате бујна коса.
Постојат многу начини за да го вратите здравиот изглед на вашата коса, и како тоа може да ви помогне, само треба да ги промените навиките кои досега сте ги имале кога станува збор за грижата за вашата коса и ќе забележите поголем волумен и сјај.
Од друга страна, претераната нега, честото миење, третирањето на косата со јаки производи, честото фенирање, користењето на преса за исправување, сето тоа прави вашата коса да изгледа тенка и кршлива, а врвовите се испукани. Но, не се обесхрабрувајте бидејќи има решение и за овој проблем.
За среќа, грижата за густа коса повеќе не мора да биде застрашувачка и долготрајна. Прво треба да го одредите типот на косата и начинот на кој таа реагира на влага и временски услови. Кога ќе примените некои од нашите совети, кога ќе ставите природни маски и третмани во негата на косата, вашата коса ќе биде како од реклама.
Наместо да користите скапи препарати кои го доловуваат овој изглед на свежа и здрава коса, можете и дома да си направите ефикасно средство од неколку состојки кои веројатно сите ги имате дома.
За да го подготвите природниот балсам ќе ви биде потребна една чиста тегла, ориз, вода, ловоров лист и каранфилче. Во теглата ставете околу 3 прста ориз. Обично се става 1/4 ориз и 3/4 вода. Одозгора прелијте ја водата и затворете ја теглата.
Добро протресете ја теглата околу 2 минути и ќе забележите како водата во неа станува матна. Тоа што заборавив да ви го кажам на почетокот е дека оризот прво отстојува во вода 15-20 минути, а потоа се процедува од неа и се додава во тегла и се прелива со новата вода.
Оризовата вода е многу хранлива и здрава. Оваа вода може да се користи на различни начини кога станува збор за козметика. Така на пример, можете да ја користите за миење на лицето за длабинско чистење на порите, а исто така можете да ја користите како тоник. Бидејќи е природно добиена и ја смирува кожата, се препорачува јапонската маска за лице, направена од оваа оризова вода.
Една од најважните состојки при користење на ориз и оризова вода се аминокиселините. Токму овие аминокиселини придонесуваат оризовата вода да биде лек и спас кога станува збор за растот на косата.
Оризова вода за коса, која можете да ја користите неограничен број пати, всушност, колку почесто, толку подобро, особено ако е континуирано користењето, ќе придонесе за зајакнување на коренот на косата и ќе се намали опаѓањето на минимум.
Покрај многуте придобивки на оризовата вода, таа исто така помага во одржување на бојата на косата и спречува рано посивување во староста. Иако кај нас белите влакна се сè повеќе карактеристични кај младите жени, во Јапонија ретко ќе забележите некоја жена да има бела коса.
Начин на подготовка: Оризовата вода може да ја користите веднаш, но во водата се немаат испуштено сите хранливи материи, па затоа најдобро е доколку ја оставите да отстои преку ноќ на собна температура и после 24 часа може да ја користите.
По протресување на теглата во водата додавам неколку ловорови ливчиња и неколку цветни пупки од каранфилче. Повторно ја затворам теглата и вака ја оставам да отстои преку ноќ. Следниот ден додавам 1-2 лажици рицинусово масло или маслиново.
Овој пат додадов маслиново бидејќи сум трудна, а постојат некои контроверзни докази дека бремените жени не треба да користат рицинусово масло. Смесата добро се промешува и се процедува во друга тегла. Потоа рендам половина главица црвен или бел кромид и го процедувам сокот во теглата.
Начин на користење: Постојат 2 начина на кои можете да ја користите оваа вода. Првиот начин е добро да го испрскате скалпот со оваа вода и да го измасирате неколку минути за да се поттикне циркулацијата. Главата ја виткате во фолија, па во крпа и оставате да делува 1 час, а потоа измивате со шампон како што сте правеле и претходно.
Вториот начин е да ја измиете косата со шампон и регенератор и на крај додека е сè уште влажна да ја испрскате на скалпот со оризовата вода и повторно да се измасирате. Оставате да делува 15 минути, па плакнете со вода.
За да забележите резултати од примената на оваа вода, треба да ја користите 3-4 пати неделно. Оризовата вода нема пријатен мирис, па доколку ви пречи можете да додадете неколку капки од некое етерично масло. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.