Мислам дека овие ситни колачи кои се приготвуваат на наједноставниот можен начин, се совршени за зимски забави и слави, но и за секој ден, бидејќи совршено си одговараат со топол чај или кафе. Тестото содржи лимон кој му дава совршен вкус, а додека колачињата се печат, цела куќа замирисува многу пријатно.




Овие колачиња потсетуваат на зима, кога сакате да се завиткате во ќебе, да вклучите некој семеен филм и да поминете убаво време со своите сакани, во пријатна, празнична атмосфера. Овие колачи со лимон не се послужуваат само со чај, туку и со варено вино, топло млеко или топло чоколадо.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 лимон, 100 мл растително масло, 5 лажици шеќер, брашно по потреба (околу 1,5-2 чаши од 200 мл, во зависност од големината на јајцето и лимоновиот сок), 1 лажичка прашок за печиво и шеќер во прав за наросување.




ПОСТАПКА: Во еден сад изматете го јајцето заедно со шеќерот додека убаво да се соедини и шеќерот делумно да се растопи. Во смесата додајте го маслото, рендана кора од лимон и лимоновиот сок.




Доколку вкусот на лимон ви е пресилен, може да ја намалите количината на рендана кора и сокот кој ќе го ставите (а, може да користите свежо исцеден сок или сок од концентрат. Добро промешајте ги сите течни состојки додека да се изедначат.




Брашното просејте го и додајте прашок за печиво. Започнете постепено да го додавате брашното во течната смеса. Најпрво започнете со една чаша, па постепено додавајте го остатокот, додека да добиете убаво компактно тесто.




На почетокот мешајте со лажица, а потоа тестото замесете го со рака. Тестото треба да се собере во топка, еластична грутка, која лесно се обликува под прсти. Откинувајте мали парчиња и со помош на дланките формирајте топчиња.




Секое топче валајте го брашно, да се обложи од сите страни. вака подготвените колачи редете ги во плех обложен со хартија, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.




Доволно е да добијат малку златеникава кора, малку декоративно распукана одозгора. Но, во внатрешноста се многу вкусни и меки, се топат во уста. По желба, откако ќе се подизладат, можете да ги наросите со шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.