Брз рецепт за енергетски бомбици без шеќер (Готови за 5 минути)
Овој рецепт за вкусни и здрави десерт-топчиња е многу лесен и едноставен. Се приготвува многу брзо, а во вкусот ќе уживате.
Не содржи шеќер, освен природниот, оној кој го содржи сувото овошје. Десертот изобилува со влакна и корисни витамини и минерали кои поволно делуваат врз здравјето.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г индиски ореви,
70 г урми,
200 г суви кајсии.
Набавете сирови и несолени индиски ореви. Тие се одлични како подлога за разни десерти, но и солени намази, поради својот неутрален вкус и волуменот кој им го даваат на јадењата.

ПОСТАПКА:
Индиските ореви малку истостирајте ги: ставете ги во сува тава, па пропржете ги на умерена температура со постојано мешање додека убаво да замирисаат. Потоа тргнете ги на страна и оставете ги да се оладат.

Потоа ставете ги во блендер и ситно сомелете ги и истурете ги во некој длабок сад. Урмите исчистете ги од семките, па и нив ставете ги во блендер. Сувите кајсии исечкјате ги ситно и додајте ги во блендерот.

Сомелете го сувото овошје додека добро се иситни. Потребно е малку време, бидејќи сувото овошје е лепливо, па можеби ќе биде потребно да употребите и неколку „пулса“. Меленото суво овошје додајте го во садот со мелените индиски ореви.


Состојките можете да ги измешате и со лажица, но најдобро се изедначуваат доколку ги „замесите“ со рака. Потребно е добро да се изедначат сите состојки во хомогена, компакна смеса која лесно се обликува со раце.


Кинете по малку од смесата и со помош на дланките формирајте топчиња кои потоа ќе ги валкате во мелени ореви/лешник/кокос/ или нешто по ваш вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.













