Можете да го намалите нивото на шеќер во kpвта на многу едноставен начин после оброк богат со јаглехидрати! Нивото на шеќер во kpвта значително се зголемува после оброк кој се состои од јаглехидрати, бидејќи тие се разградуваат побрзо до гликоза од која било друга прехранбена состојка.




Таков е на пример лебот (белиот) кој има висок гликемиски индекс. Истиот бил користен во студија спроведена од истражувачи од Универзитетот во Париз-Сакл, кои ги анализирале можностите за намалување на шеќерот што е можно поскоро после оброк.




По изедени 100 грама леб, на испитаниците им давале три вида пијалаци: едните добивале црн чај, другите вода, а третите добивале сок од лимон. Резултатите покажале дека сокот од лимон има најбрз ефект, кој значително го намалува гликемискиот одговор на организмот.




Според студија на француски истражувачи, нивото на шеќер во к рвта било пониско за околу 30 отсто, во рок од 35 минути. Тие истакнуваат дека тоа го потврдува сличното дејство кое е забележано и кај другите кисели пијалаци.

NMD.mk




Тие заклучуваат дека многу едноставна процедура може да го намали влијанието на јаглехидратите врз нивото на шеќер во kpвта – со вклучување на кисели пијалаци во оброкот.




Исто така, разградувањето на гликоза ќе се забави доколку се внесат некои кисечи овошја или зеленчуци кои ќе се јадат со лебот. Ова особено им се препорачува на сите кои боледуваат од дијабетес 2. Имено, хормонот инсулин е одговорен за регулација на шеќерот, а токму кај нив е нарушено неговото лачење.




ПРИРОДЕН НАПИТОК ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ШЕЌЕРОТ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Потребни состојки: Корен од рен, средна величина (околу 20 см долг, широк 2 см), 5-6 чешниња лук, 2 пива (вкупно 1 литар), 100-200 мл јаболкова киселина




Постапка: неколку пати добро измијте го ренот. Оставете да отстои 15-20 минути во вода во која сте додале шолја јаболкова киселина. Без лупење исечкајте го ситно, изрендајте го или сомелете го. Заедно со ситно сечканиот лук ставете го во поголем стаклен сад, па прелијте го со пиво.




Затворете ја теглата и оставете ја да отстои 10-тина дена на темно и ладно место (НЕ во фрижидер). Потоа можете да започнете со конcyмирање на следниот начин:




УПОТРЕБА: Првите два дена, две лажички трипати дневно. Потоа се користи по една лажичка трипати дневно. Третманот трае еден месец.