Селско месо на домашен начин во грне. Потребни состојки: 300 г свинско месо, 300 г телешко месо, 300 г пилешки стек, 300 г цели печурки (од тегла), 150 мл вино, 150 мл вода, 50 мл доматен сос, 1 зелена пиперка, 3 главици кромид, 3 чешниња лук.
И уште: 2 поголеми компири, сол, црн пипер, сув зачин, буковец, 6 ленти кашкавал и 3 плескавици со кашкавал од кои се формираат мали ќофтенца. Постапка: Месото ситно го сечкаме и го зачинуваме со сол и црн пипер.
Во меѓувреме, го запржуваме кромидот на малку загреано масло, претходно ситно исечкан, па ја додаваме сечканата пиперка, па дури потоа го додаваме зачинетото и исечено месо.
Го запржуваме и месото, па додаваме на коцки исечкан компир и лукче, па уште малку се запржува и на крај ги додаваме печурките и доматниот сос. Оставаме на оган да прокрчка уште 5 минути со внимателно промешување, па го додаваме виното, водата и зачините (сол, вегета, црн пипер, буковец) по желба.
Одозгора ги редиме малите ќофтенца. Сета оваа смеса вака приготвена ја истураме во грне, ја поклопуваме и ја ставаме на печење во загреана рерна на 250 степени да крчка 2 часа.
Потоа намалуваме на 200 и продолжуваме со готвење уште еден час. На крај го вадиме грнето, одозгора му ставаме кашкавал и го враќаме во рерната уште 15-тина минути или додека се растопи кашкавалот. Фото и рецепт на Анета Ане.
Следниот рецепт е сличен на претходниот, но се разликува по количината и видот на месо. Се подготвува на малку поразличен начин и има повеќе зеленчук, а бидејќи станиува збор за оригинален босански рецепт за селско месо се прави и малку подолго. Кој има трпение вреди да го проба ова совршенство од ручек.
II РЕЦЕПТ: Рецепт за оригинално босанско селско месо во грне. Потребни состојки: 600 г свежо месо (половина јунешко, половина јагнешко), 2 моркови, 2 китки магдонос, ½ главица бела зелка, 2 зелени пиперки, 8 помали компири. И уште: 2-3 главици црвен кромид, 5 до 6 чешниња лук, 2 лути пиперки, 10 зрна црн пипер, малку винска киселина, 2-3 домати, 100 г бамја, малку црвен пипер, сол.
Постапка: Месото се мие и се сече на поголеми парчиња. Целиот зеленчук се мие и се чисти. Морковот и магдоносот се сечат на тркалца, зелката на парчиња, доматот, пиперката и излупениот компир на поголеми парчиња.
Кромидот се сече на четвртинки, а лукот само се лупи. Месото и зеленчукот се редат во лонец од 4-5 литри (најдобро е во глинено грне), па се залива со ладна вода. Може да се додаде и малку грашок и 2-3 мали феферончиња за подобар вкус.
Лонецот не смее да биде наполнет до врв, а вода се налива до половина на лонецот. Потоа се додава црн пипер, сол, оцет, црвен пипер (може и малку масло ако месото е мускул – ќе биде доста повкусно).
Лонецот/грнето добро се прекрива со масна хартија (пергамент) и цврсто се врзува. Хартијата се прободува со игла на неколку места и лонецот се става на тивок оган да крчка 3-4 часа и потоа се послужува.