Овој колач има неверојатно добар вкус, буквално се топи во уста. Кремаст е и сочен, сите го сакаат, а она што е најдобро – неговата лесна подготовка. Кај нас во Бразил е многу популарен, и многу често го правиме. Ве уверувам, штом еднаш го испробате, постојано ќе го правите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ (чаша за мерење од 200 мл): 4 јајца, 1 чаша шеќер (160 г), 4 супени лажици путер/маргарин (100 г), 1 чаша млеко (200 мл), 2 чаши брашно (200 г), 1 чаша какао во прав (90 г), 1 супена лажица прашок за печиво (14 г)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ (чаша за мерење од 200 мл): 4 чаши ладна слатка павлака за шлаг 33% мм (800 г), 1,5 чаша кондензирано млеко (395 г), 1 чаша млеко во прав (90 г), 1,5 чаша какао во прав (135 г), чоколадни трошки за декорација
ПОСТАПКА: Смесата за бисквит можете да ја изматите во некој висок блендер (како што е витамикс на пр.) или пак, постепено да соедините состојките доколку матите со миксер. За во млендер: ставете 4 јајца, 200 мл млеко, 100 г омекнат путер и 160 г шеќер, па вклучете да се мати една минутиа додека смесата да се хомогенизира.
Потоа постепено додајте го какаото во прав (за посладок вкус користете несквик, краш експрес и сл.), а потоа и брашното (лажица по лажица додека непрекинато мати блендерот). Пред самиот крај додајте 14 г прашок за печиво и изматете уште малку (10 секунди) за рамномерно да се распореди.
Доколку матите со миксер, тогаш најдобро е прво пенасто да се измати омекнатиот путер со шеќерот, а потоа постепено да се додаваат јајцата едно по едно, па постепено да се додаде млекото, а потоа откако добро ќе се изедначат течните состојки, во нив да се додадат и прашкастите.
Плех или калап со димензии 32х22 см добро намастете го со путер/маргарин, на дното и на страните. Излејте ја смесата, распоредете рамномерно, протресете го плехот и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. Печениот колач оставете го да се олади.
Потоа гpaбнете го со рацете и гpyбо иситнете го на поситни парчиња, на трошки. Поделете ја смесата на два дела. Првиот дел (прва кора) можете да ја истурите во истиот калап или во друг (34х22 см) со слични димензии. Одозгора поминете со прстите и израмнете ја површината, па со лажица малку притиснете, повторно да добиете рамна кора, но овојпат, трошкаста.
Во подлабок сад ставете ја слатката павлака, добро изладена во фрижидер, а потоа додајте го шеќерот во прав (90 г), па изматете добро со миксер додека да добиете шлаг-крем. Потоа додајте го какаото во прав, кондензираното млеко, па изматете добро со миксер додека сите состојки да се соединат.
Врз правата кора нанесете половина од кремот, рамномерно распоредете и израмнете. Потоа наросете ја втората половина од кората, израмнете одозгора со лажицата, па распоредете го остатокот од филот. Декорирајте со чоколадни трошки, па оставете ја тортата во фрижидер да излади и да се стегне најмалку 4 часа. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.