Ова е една од поубавите торти чиј рецепт е запишан, едноставно е прекрасна, не е комплицирана и се приготвува од најобични состојки кои сите ги имаме во кујната: јајца, млеко и шеќер, а посебен вкус и даваат оревите.
Ќе ја приготвите за 10-тина минути, половина час печење на кората и еден час ладење во фрижидер. Тоа значи дека за неполни два часа можете да ја имате оваа раскошна торта својата свечена трпеза. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г ореви, 10 јајца, 240 шеќер во прав, 2 лажици скроб/нишесте/густин, 160 г шеќер во прав, 100 мл млеко, 200 г омекнат путер, малку есенција од ванила за вкус, 2 лажици какао во прав.
ПОСТАПКА: Оревите истостирајте ги во сува тава на умерена температура, со непрекинато мешање додека убаво да замирисаат. Потоа, оставете ги да се оладат, па врз даска за сечење со голем нож исечкајте ги ситно (може да има и крупни парчиња, но не премногу).
Од десет јајца одделете ги жолчките и белките во различни садови. полесно се двојат доколку претходно биле оставени на собна температура. Во белките веднаш додајте 240 г шеќер во прав, па пенасто изматете ги додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот.
Во снегот од белки додајте две лажици скроб/нишесте, па изматете со миксерот на послаба брзина уште една минута додека да се изедначи. На крај додајте ги и сечканите ореви, па промешајте со лажица или шпатула додека рамномерно да се распореди.
Големиот плех малку намастете го, а потоа обложете го со хартија (малку се намастува за убаво да се залепи хартијата, а малку се намастува и хартијата за полесно да се одлепи кората). Истресете ја подротвената смеса од белки и ореви, па рамномерно распоредете и израмнете.
Кората ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 180 степени околу половина час. За тоа време подгответе го филот: Во жолчките додајте 160 г шеќер во прав, па пенасто изматете додека смесата да згусне и побели.
Додека непрекинато матите со миксерот, започнете постепено да додавате 100 мл млеко. Изедначете, па истурете ја смесата во тенџере или тава на оган и вклучете да се загрева на умерена температура. Мешајте постојано, смесата не смее да зоврие, ниту да загори. Варете додека да згусне како крем, малку поредок од пудингот. Оставете да се олади.
Печениот бисквит извадете го и оставете го да се олади, а потоа поделете го на трие еднакви долгнавести кори. Доколку е потребно, отстранете ги неправилните краеви. Во посебен сад пенасто изматете 200 г путер омекнат на собна температура. Додајте го оладениот крем, па изматете со миксер додека да се соедини.
Кога кремот ќе се згусне, додајте неколку капки есенција од ванила за вкус, па изматете уште кратко. Најпосле, додајте две лажици какао во прав, па повторно изматете до изедначување. РЕДЕЊЕ: кора, фил, кора, фил, кора, фил. Оставете малку фил за да се покрие тортата и од страните. Тортата оставете ја во фрижидер да се олади 1 час.
Тортата одозгора можете да ја наросите со мелени ореви/кекси/чоколадо или пак, а може да ги сомелите остатоците што ги исековте од крајчињата на кората. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.