Напишете оригинални желби за среќа и прикачете ги на погачата за среќа која традиционално се приготвува во некои краишта на Македонија и Балканот. Некаде се приготвува пита, некаде баница, а некаде погача.




Што и да приготвите за празничната трпеза, едноставно напишете ги желбите на мали парчиња хартија, свиткајте ги и прикачете ги на чепкалки за заби или стапчиња за ражничи кои потоа ќе ги боцнете во погачата. За време на вечерата, секому поделете по едно парче со желба за среќа…




Порано, имаше обичај ваквите новогодишни желби да се закачуваат на гранче од дренка, а според бројот на пyпките да се посакува и повикува здравје, љубов, пари и слично, за секој од домаќините.




Денес среќичката се испишува на лист хартија, па секој може да си ја прочита новогодишната желба. Доколку сакате вашите желбички да бидат пооригинални од кога било, ви предлагаме да ги прочитате нашите предлози и идеи:




1.Годинава ве очекуваат спа третмани за разубавување. Не ги пропуштајте! 2. Ве очекува одмор од соништата на далечна дестинација 3. Посакуваното крстарење оваа година ќе ве натера да блеснете од среќа. 4. Голема радост и одмор во земјата на фараоните! 5. Оваа година проблемите ќе бидат измиени од водите на морињата и океаните – ќе станат мали и безначајни.




6.Ќе го имате најубавото тело во новата година. Секој ќе сонува да биде како вас. 7. Честитки! Ви се падна уште едно парче новогодишна пита. На здравје да ви е. 8. Оваа година нема бариера за вашата кариера. 9. Ќе одите на одмор таму каде што сонувате да бидете.




10.Радоста ќе ви биде нормално секојдневие. 11. Голема среќа ви се падна, ќе уживате во многу пари. 12. Вам ви се падна здравјето, одржувајте го редовно! 13. Какви и да има социјални кризи, тие нема да ве стигнат. 14. Ви се падна нов дом, опремете го со вкус и расположение.




15.Среќа за вас и вашиот партнер оваа година! 16. Оваа година со секаква облека ќе изгледате спектакуларно и ќе имате совршено тело. 17. Ви се падна добрината. Ќе помагата, но и вам ќе ви погаат. 18. Ќе избегате од рутината и ќе се нурнете во авантури. 19. Ќе има среќа во вашиот дом од утро до вечер. 20. Во новата година ве очекуваат танци и забава, радости до заборав.