Овој колач ни доаѓа од Италијанката Дебора која многу сака да меси и да приготвува најразлични вкусни колачи од тесто. Она по што нејзините слатки се разликуваат од останатите, е нивната едноставна подготовка, а која резултира со многу егзотичност.




Дебора умее на најкреативен начин да ги искомбинира состојките и да добие фантастичен резултат. Овој колач со јаболка обично го приготвува кога не е во добро pacположение и кога e потребно нешто да и го стопли срцето.




Како што вели таа, додека се пече овој колач куќата многу убаво замирисува, па веднаш се подобрува атмocферата. Колачот излегува неверојатно мек како душичка, а вкусот е феноменален. Сè што треба да се направи, е да се измешаат сите состојки и да се испече. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап за куглоф 26 см, се мери во мала чаша од 125 мл): 3 јајца, 1 чаша густ јогурт (125 мл), 1/2 чаша шеќер, 1,5 чаша млеко, 1 чаша масло, 4-5 чаши брашно, 1,5 кесичка прашок за печиво, 1 портокал, 1 јаболко, малку суво грозје (1-2 раце). Сите состојки треба да бидат на собна температура.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете три јајца, една мала густ јогурт (искористете ја истата чаша за мерење на останатите состојките), 1,5 чаша шеќер, 1/2 чаша млеко и 1 чаша масло. Сите состојки измешајте ги со жица маталка додека убаво да се изедначат. Имајте во предвид дека сите состојки треба да бидат на собна температура.




Потоа, во измешаните течни состојки започнете постепено да го додавате брашното, чаша по чаша. Пред секое додавање на новата чаша брашно добро промешајте, а после 4-тата чаша, оценете ја густината, можеби нема да има потреба од додавање на уште една цела чаша брашно. Јас искористив 4,5 чаши.




Тестото треба да добие густина слична на онаа за мекици или крофнички (погледни видео). Додајте ситно рендана кора од портокал, промешајте и на самиот крај додајте го прашокот за печиво (не се додава заедно со брашното зошто во текот на мешањето може да го изгуби својството, па колачот нема да биде толку мед).




Сувото грозје потопете го во сок од портокал и оставете го 5-10 минути за да се рехидрира и да набубри, а јаболкото излупете го и исечете го на тенки плочки. Наросете ги со малку ванилин шеќер и зачини по вкус. Во тестото додајте го процеденото суво грозје и промешајте.




Калапот за куглоф добро намастете го со путер и наросете го со брашно (вишокот истресете го), па излејте ја смесата, рамномерно распоредете ја. Одозгора набоцкајте ги плочките од јаболка, па наросете уште малку суво грозје и мешавина од шеќер и цимет (по желба).




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Печениот колач извадете го од рерна, оставете го малку да подизлади, па извадете го од калапот. Додека е топол колачо одозгора премачкјате го со џем во тенок слој. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.