Дали колачите со ореви ве потсетуваат на детството, на она време кога нашите баби приготвуваа едноставни колачи од ореви, јајца и чоколадо? Новогодишните празници се вистинско време за да ги пронајдете оние стари рецепти од бабините тефтери кои во истата секунда ќе ве вратат во детството.




Ова е еден таков рецепт за колач кој сите го сакаат, а чиј рецепт засекогаш ќе го чувате. Многу брзо и едноставно се приготвува, па можат да го прават и почетници во кујната. Состојките за приготвување веројатно веќе ги имате дома, а еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г мелени ореви, 2 јајца, 60 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 200 мл млеко, 100 мл масло, 270 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 10 лажици шеќер, 6 лажици вода, 150 г чоколадо, 100 г мелени ореви, 50 г мелени кекси + ореви за декорација




ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете две јајца со постепено додавање на 60 г шеќер, а потоа и 10 г ванилин шеќер. Матете додека шеќерот да се растопи а јајцата да згуснат. Потоа додајте 200 мл млеко и 100 мл масло, па продолжете со матење уште една минута.




Во смесата со течни спостојки додајте 270 г просеано брашно, помешано со 10 г прашок за печиво. Продолжете да матите додека да добиете изедначена, хомогена смеса. Може да матите со миксер на помала брзина или со шпатула. Потоа додајте 50 г мелени ореви и промешајте за да се изедначи смесата.




Плех или калап со средна величина (половина од големиот во рерна) нанастете го со масло или путер и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Потоа во него излејте ја подготвената смеса, рамномерно распоредете и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Печениот колач оставете го да се лади додека го приготвувате филот.




ЗА ФИЛ: Во тенџере ставете 10 лажици шеќер и 6 лажици вода, па загревајте на умерена температура додека да зоврие и да се растопи шеќерот. После 1-2 минути тргнете го тенџерето настрана, додајте чоколадо искршено на коцки, па промешајте да се растопи. Потоа додајте 100 г мелени ореви, промешајте, а на крај додајте и 50 г мелени кекси/плазма.




Кога добро ќе се изедначи смесата, рамномерно распоредете ја врз печениот колач и убаво израмнете. По желба одозгоре може да наросите крупни сечкани или мелени ореви.

Оставете го колачот да се олади на собна температура, а потоа и во фрижидер неколку часа (поубаво се сече), иако, може и веднаш да се јаде. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.