Исчистете ја рерната со помош на 2 едноставни медоди кои се многу едноставни и лесни. Со помош на паричка исчистете ги и најтврдокорните делови на рерната за кои мислевте дека не можат да се исчистат.




Поради секојдневното готвење, рерната е подложна на многу нечистотии кои се насобираат од храната. Доволно е случајно да ви падне една трошка од колачот кој сте го подготвувале за да се создаде тврдокорна дамка. Иако рерната површински изгледа чиста и редовно ја пребришувате, најверојатно не сте провериле каква е состојбата под гумичката каде што имаа најмногу нечистотии.




Овој едноставен трик сакав да го споделам со вас затоа што мислам дека ќе им биде корисен на многумина. Направив мешавина од неколку состојки кои постојано ги имам во домот. Овој трик за чистење на рерната го користам со години, а за вториот трик прочитав на Интернет од една жена која ја исчистила својата тава за печење со помош на паричка, па се сетив и јас да го испробам нејзиниот трикот за чистење на рерната.




Неверојатно, со овој трик успеав да ги отстранам тврдокорните изгорени дамки кои претходно не можев никако да ги исчистам, колку и да се обидував со било кој метод или на кој било начин. Со помош на овој трик дамките исчезнаа. За првиот трик користам состојки за кои сигурно ви се добро познати и можеби веќе сте ги користеле.




Потребни состојки: 1 лажичка сода бикарбона, половина чаша вода, 1 чаша алкохолен оцет. Постапка: Во подлабок сад (по можност порцелански) ставете една шолја сода бикарона, а потоа додадете половина чаша вода.




Малку промешајте и потоа постепено додавајте алкохолен оцет. Потребно е постепено да го додавате алкохолниот оцет бидејќи во комбинација со сода бикарбоната настанува хемиска киселинско – базна реакција.

Оваа мешавина е одлична за чистење површини, но користете ракавици за заштита бидејќи може да предизвика силна иритација на кожата. Повторно промешајте ја смесата, а потоа со помош на сунѓер, натапкајте во течноста и нанесувајте врз нечистите површини од рерната.




Потоа започнете да ги триете нечистотиите кои се закоравени во рерната. Изрибајте ја целата површина од сите страни подеднакво, а потоа остатокот од течноста заедно со садот ставете го во рерната на 100 степени околу 40 – 45 минути. Затоа користете сад кој може да ја издржи оваа температура, но доколку немате таков сад ставете кој било метален сад.




По изминатото време, изрибајте ги уште еднаш нечистите површини. Решетката која се наоѓа во рерната најдобро е да ја исчистите додека сè уште е топла бидејќи тогаш најлесно излегуваат закоравените нечистотии. Како што ќе забележите, смесата од сода бикарбона и алкохолен оцет ќе ги омекне сите нечистотии после загревањето и тие полесно ќе се отстранат.




Користете навлажнета крпа за чистење и извадете ги закоравените бели делови со крпата, а може да ставите и малку сјај за миење садови. Освен што вашата рерна ќе биде чиста, таа ќе замириса убаво од ароматичниот сјај.

За закоравените подизгорени делови потребно е да земете една монета и започнете со нежно триење на овие делови. Бидете претпазливи да не ја изгребете површината на рерната, па затоа прво тестирајте го трикот на некое мало закоравено делче.




Со жица исчистете го стаклото на рерната, а не заборавајте да ја исчистите и гумата помеѓу стаклото бидејќи таа ги собира најголемите нечистотии. Јас секогаш го вадам и двојното стакло и го пребришувам од двете страни, иако нема потреба, на тоа место има најмалку нечистотии и прашина.




На крајот поминете ја целата рерна со сува крпа. Вратете го стаклото на место, а вашата рерна ќе изгледа како нова. Овие лесни трикови може да ги користите еднаш до двапати месечно за вашата рерна да биде постојано чиста. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.