Има ли нешто похармонично од гледањето низ прозорец, додека снегулките нежно паѓаат на земјата? Доколку и вие сте голем љубител на снежната идила и сакате тоа да го прикажете на креативен начин, земете лист хартија и ножички и следејќи ги едноставните инструкции подолу, направете волшебна снегулка од хартија.
Вклучете ја имагинацијата и направете безброј различни форми. Ќе видите и самите колку е едноставно – само неколку движења и ќе добиете вистинска убавина. Патем, снегулката може да се направи двострана. А откако ќе ја направите оваа снегулка, погледнете ги следните видео презентации и одберете ја вашата омилена снегулка.
Снегулката се состои од 5 квадрати со различни големини: еден голем, два средни и два мали. Да се направи квадрат е лесно – само треба да ја свиткате хартијата како што е прикажано на фотографијата и да го отсечете вишокот.
Истото повторете го и со останатите 4, но направете ги квадратите помали за 2 см. Најпрво започнете со големиот квадрат. Преклопете го на половина неколку пати. Додека да добиете детаљ каков што е прикажан на фотографијата. Внимателно исечете го аголот косо.
Потоа расклопете го и следете ги линиите кои останале од преклопувањето. Исечете ги сите превиткани делови, а за тоа можете да се послужите и со специјален нож за канцелариски материјал/скалпел.
Конечно, претпоследното нешто што треба да го направите, е да ги направите „перјасти“ краците на снегулките. Ова се постигнува со густи тесни засеци во краците кои се прават со помош на остри ножици.
Повторете ги истите чекори за сите квадрати. Така ќе имате една голема снегулка, две средни и две мали. Преостанува само уште да ги залепите една за друга, со допирна точка во центарот, но така што рабовите на едната снегулка да не се совпаѓаат со претходната.
Ако направите четири средни и четири мали и ги залепите на задната страна, тогаш снегулката ќе испадне уште поголема и пообемна! Принципот на работа е едноставен, но резултатот е одличен. Можете да правите снегулки со различна големина, различен обем, па дури и шарени снегулки…
Пред вас има видео упатства за оние кои најмногу ни се допаднаа. Одберете хартија каква што сакате, викнете ги децата да ви помогнат, земете ножици во раце и – на сецкање…Забавувајте се и уживајте во новогодишните празници.