Денес може да се најдат готови лиснати теста и да се скрати постапката за приготвување на оваа прекрасна пита, но како и секогаш, мора да се признае дека „домашното си е домашно“ и ништо не е повкусно од она што ќе се приготви со домашни состојки.
Овојпат имаме рецепт од одличниот готвач Том Филос, кој на едноставен начин открива како да се направи највкусната пита со спанаќ. Со овие вкусни залаци подобрете го железето, но и pacположението.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 1 лажица сув квасец, 1 лажица масло, 1 лажица оцет, 320 мл млака вода. ЗА ФИЛ: 250 г спанаќ и 250 г сирење. И уште: пастопен путер помешан со масло, шолчка помешана со малку млеко, сусам за наросување
ПОСТАПКА: Доколку имате миксер за тесто, тогаш сите потребни состојки за тестото ставете ги одеднаш во садот и вклучете го миксерот да работи додека да добиете убаво мазно тесто, средно по мекост, кое се одвојува од ѕидовите на садот.
Доколку тестото го замесувате рачно, тогаш во еден подлабок сад истурете го брашното, направете вдлабнување па додајте шеќер и квасец, промешајте, па додајте ги останатите состојки, па со постепено додавање на млаката вода замесете средно меко и мазно тесто.
Измесеното тесто ставете го во некој сад, претходно малку намастен, покријте го со проѕирна стреч-фолија и оставете на топло место да стасува 45 минути додека да го удвои волуменот. За тоа време пригответе го филот: Спанаќот измијте го и исчистете го, а потоа ситно исечкјате го. Во подлабок сад измешајте го со ситно сирење, најдобро со раце.
Стасаното тесто малку премесето го во садот, па префрлете го врз работна површина. Не додавајте повеќе брашно. Тестото поделете го на два еднакви дека, формирајте топки, па ставете ги во сад (малку набрашнет) и наросете ги со малку брашно одозгора. Вака оставете ги да одморат 15 минути.
Потоа, на малку набрашнета работна површина развлечете го едното тесто во тенка кора. На средината од кората поставете чинија, а потоа направете засеци , со што ќе добиете 8 „зраци“. Во средината ставете ставете го филот, и одозгора малку наросете со мешавина од растопен путер и масло.
Премачкјате еден од зраците со истата мешавина, па преклопете го врз филот, убаво преклопувајќи го сиот, па премачкјате го и одозгора. Потоа премачкајте го „зракот“ кој е на спротивната страна и продолжете ја постапката на ист начин, додека да ги преклопите сите делови. Здипленото тесто оставете го покриено во намастена чинија додека ја повторите постапката и со второто тесто.
Кога ќе ја развлечете втората кора, во средината не поставувате чинија, туку ставете го првото – спакувано тесто. Исечете ги зраците и на ист начин преклопувајте ги, секој зрак премачкувајќи го поединечно од горната и од долната страна. Целото тесто префрлете го во плех од рерна и со помош на дланките развлечете колку што можете потенко.
Исечете ја питата на коцки, па одозгора премачкјате ја со разматена жолчка помешана со 1-2 лажици млеко и одозгора наросете сусам. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу половина час. Деталите погледнете ги ОВДЕ.