МАНАСТИРСКИ КОЛАЧ: посен и мек, незаменлив за празничната трпеза. Многу е вкусен и едноставно се подготвува. Ќе уживате во прекрасниот вкус и неверојатно меката текстура, а тие што го пробале кажуваат дека е преубав и го јадат и на деновите кога не се пости.
Потребни состојки: 400 мл вода (2 чаши по 200 мл), 12 лажици шеќер, 20 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 8 лажици ореви (мелени и сечкани, околу 150 г), 4 полни лажици редок џем со киселкав вкус.
За премачкување и наросување: 4 лажици од истиот џем и ореви. Постапка: Во топла вода ставете ги шеќерот и џемот и малку измешајте да се растопи. Потоа додајте брашно и прашок за печиво и добро измешајте со жица, да нема грутчиња. На крајот измешајте ги оревите и повторно измешајте сè.
Прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 30 минути. Испечениот колач веднаш премачкајте го со џем и наросете го со ореви и оставете да се излади. Подоцна се сече на коцки кога ќе се излади.
II РЕЦЕПТ: Посен чоколаден колач за пост на вода, а вие можете и секој ден да го правите. Добар рецепт за едноставен и брз колач на вода. Може да се прави и секојдневно бидејќи многу е вкусен и сочен, не се забележува дека во него нема масло, млеко и јајца.
Потребни состојки: 400 мл вода, 250 г брашно, 1 прашок за печиво, 3 полни лажици џем (јас користев од јагода, но може било кој), 100 г шеќер. За прелив: 2 лажици какао во прав, 50 г шеќер, 100 мл вода, 1 ванилин шеќер.
Постапка: Вклучете ја рерната на 200 степени. Изматете шеќер, вода, џем. Додајте брашно и прашок за печиво. Не треба да користите миксер. Излејте во помала тепсија и печете околу 20-30 минути.
Сварете ги сите состојки кои се наведени за прелив и додека е врел прелијте преку врелиот колач. Одозгора наросете со кокос или мелени ореви или нешто по ваша желба. Оставете целосно да излади, па сечете на коцки и послужете.
III РЕЦЕПТ. ПОСЕН КОЛАЧ БЕЗ КАПКА МАСЛО, погоден за пост на вода, сочен, вкусен, мек и миризлив. Колачот иако нема масло, многу е вкусен и сочен, мек и миризлив. Ќе го правите и кога не постите.
Потребни состојки: 3 банани, 2 јаболка, 4-5 лажици суво грозје, 1 кора од портокал, 10 лажици сомелни овесни снегулки, 10 лажици бело брашно, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона, малку цимет, 1 лажичка оцет, 3 лажици какао, 350 мл вода, 5 лажици шеќер, 2-3 лажици гриз, шеќер во прав за наросување.
Постапка: Во еден сад измешајте ги сувите состојки: овесните снегулки, брашното, ванилиниот шеќер, циметот, содата, прашокот за печиво, циметот и гризот. Во друг сад ставете ги бананите исечени на помали парчиња.
Додајте го сувото грозје и изрендајте ги јаболката, па додајте ги во овошната смеса. Јаболката изрендајте ги на покрупно. Изрендајте малку кора од портокал до белата обвивка, и секогаш користете органска или истретирана кора со сода бикарбона и вода.
Измешајте ги состојките и во нив додајте јаболков оцет. Оваа овошна смеса мириса прекрасно. Овошната смеса се прелива со смесата со суви состојки и се додава оцет. Се убаво се соединува со постепено додавање на вода.
Ако ви се големи бананите ќе треба да додадете помалку вода, колку што е напишано во рецептот, а ако ви се поголеми можеби ќе треба да додадете и повеќе, плус 50 мл. Во измешаната смеса се додава какао и убаво се промешува.
По желба можете да додадете сок од портокал, малини или ореви, но јас решив да не додавам ореви за овој колач да биде целосно на вода. Се излева во огноотпорен сад со хартија и се пече на 200 степени, 25-30 минути.
За колачот да биде многу сочен врз него излејте цеден сок од портокал, а кога ќе се олади наросете со шеќер во прав и исечете на парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.