Home Рецепти СОЛЕНИ ОБЛАНДИ за секакви пригоди со богат фил, може да ги полните...

СОЛЕНИ ОБЛАНДИ за секакви пригоди со богат фил, може да ги полните во различни комбинации

Овие рецепти за солени обланди се помеѓу највкусното предјадење за сите пригоди. Се прават многу едноставно и лесно, а може да ги правите и по сопствен вкус да им додавате или одземате некои од состојките. Подготвивме неколку рецепти, ова се нашите предлози:




Потребни состојки: 1 пакување обланди, 400 г кисела павлака, 500 г свежо сирење, 4 варени јајца, 200 г кашкавал, 250-300 г шунка. Постапка: Со миксер изматете ги павлаката и сирењето. На првата обланда намачкајте фил од павлака, па наредете ја шунката, па на следната обланда повторно премачкајте го филот, па изрендајте 2 јајца и 100 г кашкавал.




Одозгора ставете уште една обланда, па филот, па шунката и уште еден ред обланда, фил , рендани 2 јајца и 100 г сирење. Последната обланда можете да ја премачкате со малку мајонез или павлака и да го изрендате кашкавалот.




Но, пред тоа ставете тврд предмет врз нив за да се залепат подобро и да отстојат кратко време така на собна температура. Обландите се ставаат во фрижидер малку да се стегнат, па се послужуваат. / Coolinarka.com

II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 250 г маргарин, 600 г шунка, 600 г младо сирење, 400 г крем сирење, 200 г мајонез, 1 лажица масло, 100 г печеница, 600 мл кисела павлака, 200 г сирење, 1 пакување големи обланди, сол.




Постапка: Ситно исечкајте ја шунката и печеницата. Се матат маргаринот, ренданото младо и крем сирењето, павлаката и мајонезот. Додајте една лажица масло, малку сол по вкус, шунка ситно исечкана и печеница и промешајте.




Со подготвената смеса се полнат обландите и се редат една врз друга додека да се потроши подготвениот материјал. Последниот лист обланда премачкајте го со тенок слој фил и наросете со рендано сирење. Солената обланда се става кратко во фрижидер, а потоа се сече на коцки.

III РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 1 голема конзерва туна, 200 г солени крекери, 100 г маргарин, 100 мл јогурт, 5 јајца, 1 лист oбланда, 200 г ајвар.




Постапка: Сомелете ги крекерите и прелијте ги со јогуртот. Додајте го маргаринот претходно омекнат на собна температура, туната и убаво измешајте. Јајцата се варат, па се лупат и се оставаат да се изладат.




Обландата премачкајте ја со филот од крекери, нанесете слој ајвар и наредете ги варените јајца по долниот раб. Почекајте 5 минути да омекне обландата, па завиткајте ја во ролна, завиткајте во фолија и оставете ја во фрижидер да се стегне. Затегнат и изладен ролатот се сече на парчиња и се сервира.




IV РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 2 листа обланди, 300 г свежи колбаси, 300 г ајвар, 2 јајца, 250 г сирење. Постапка: Сирењето се ренда на поголемо ренде. Колбасите испасирајте ги и извадете ги од лушпата, а добиената смеса соединете ја со ајварот, јајцата и убаво измешајте. Со подготвениот фил премачкајте ги листовите обланди.




Наполнетата обланда се става во плех и се пече во загреана рерна на 200°C, 15 минути. На ист начин испечете уште една обланда. Испечените обланди се сечат на половина, се наросуваат со рендан кашкавал и се редат една врз друга.




Вратете кратко во загреаната рерна додека да се растопи кашкавалот. Потоа извадете го од рерна, оставете ги да се изладат и исечете ги на коцки.