Според изгледот потсетуваат на pycките шубари, но вкусот им е различен. Одлични се и многу добро изгледаат на пресек. Може да ги правите и како полумесечинки, па ќе добиете и повеќе ситни колачи доколку ги подготвувате за празнична трпеза.




Многумина ќе се сложат, ова е еден многу итар рецепт, бидејќи за многу кратко време добивате квалитетн колач како тукушто да излегол од најсапата слаткарница. Доколку не им кажете на гостите, тие никогаш нема да погодат дека колачите се домашни.




Тенкиот чоколаден слој баш фино крцка под забите, а кексот во комбинација со нежниот крем се топи во уста. Освен јафа кекс може да користите кој било друг кекс по ваша желба. Еве што ви е потребно за 8 колачи:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 16 парчиња јафа кекси со слој од портокал, 100 мл слатка павлака за шлаг, 50 г бело чоколадо, 50-100 г мелени плазма кекси, неколку капки арома од портокал – по вкус. Секако, во кремот може да додадете и арома по ваш вкус.




ЗА ГЛАЗУРА: 50 г чоколадо за готвење, малку рендано чоколадо. И УШТЕ: Малку густ сируп од портокал или сок – за натопување на кексите за да бидат посочни (ова се додава според оригиналниот рецепт, но може да ги натопувате и со млеко или воопшто да не ги потопувате).




ПОСТАПКА: Изматете ја слатката павлака, но не премногу (штом се добие шлаг прекинете со матењето затоа што добиете прецврст путер-крем). Во шлагот додајте растопено бело чоколадо, арома од портокал и онолку мелени плазма кекси колку што е потребно за да добиете не премногу густа смеса, но доволно густа која може да се мачка на кексите.




Јас додадов одокативно, па секој оваа количина нека ја прилагоди по свој вкус. Потоа секој кекс од долната страна намачкајте го/натопете го со малку сируп од портокал. На горната чоколадна страна ставете по две лажици од филот, поклопете со друг јафа кекс, така што чоколадната страна ќе ја свртите надолу.




Со рамен нож обликувајте ги страните на колачето за да се израмни филот. Потоа растопете го чоколадото со една лажица масло, па врз секое колаче ставете по една мала лажичка од чоколадната глазура и малку размачкјате ја, а потоа наросете и малку рендано чоколадо.




Можете и целосно да ги прелиете со чоколадо и да ги декорирате по желба. Изладете ги добро во фрижидер, па послужете ги. Совет: може да ги валкате во кокос, па да добијат изглед на pycките шубари, а можете да ги сечете и на половина. Рецепт на Јела.Х. / Сооlinarika.com