Најдобрите совети за грав кој предизвикува најмалку гасови и најмалку го подува стомакот. Мешунките претставуваат една од најважните состојки во медитеранската исхрана, позната со години како најздрав начин на исхрана.
Сепак, многумина не сакаат често да ги вклучуваат во своето мени поради надуеноста и гасовите кои ги предизвикуваат, а кои нè ставаат во непријатна ситуација. Сепак, постои начин да се усогласат предностите и недостатоците од конcyмирањето на овие хранливи материи. Најпрво, обидете се да ги изберете оние кои помалку ги предизвикуваат споменатите проблеми.
Повеќето гасови ги предизвикува oбичниот „бел грав“подготвен како тавче-гравче, а кај нас познат како тетовски, кој поради густината, но исто така и поради кромидот кој се додава во јадењето, доведува до гасови и надуеност.
Веднаш зад него е класичниот чорбест бел грав кој домаќинките во Македонија најчесто го готват. Фасови и подуеност на стомакот во голема мера предизвикува и сојата, иако поретко ја има на нашите трпези.
Ако барате мешунки кои најмалку предизвикуваат гасови, односно најлесно се дигестираат, пробајте ги ситните зрна азуки, грав кој потекнува од Кина. Тој е богат извор на протеини, но и антиоксиданси, па затоа се препорачува поради неговото благотворно дејство на организмот.
Се смета дека овој вид на грав е еден од најздравите. Леќата исто така, предизвикува помалку надуеност. Добрата вест е што телото полека може да се навикне на мешунките, па затоа треба да започнете со помали порции кои постепено ќе ги зголемувате.
Скапоцен е и советот на нашите баби, а тоа е преку ноќ да ги потопите во ладна вода. Ќе се зготват многу побрзо следниот ден и ќе предизвикаат помалку гасови. За крај, совет кој малкумина го знаат – гравот треба добро да се coџвака за време на оброците.
Многумина, по навика, само го голтаат поради нековата кремаста структура, особено ако гравот е приготвен како чорбесто јадење. Варењето, односно дигестијата на гравот започнува уште во устата, па потребно е добро да се coџвака пред да се голтне.