Фото и рецепт: Славица Георге
Потребни состојки:
10-тина пиперки
3-4 чешниња лук
3 поголеми компири
Сол по вкус, масло по потреба
Ова макало од компири и свежи пиперки почнуваш да го јадеш и не знаеш за доста.
Постапка:
Се печат неколку поголеми, месести, црвени пиперки. Се собираат во кеса и се оставаат околу 1-2 часа да омекнат. Се лупат и се чистат од семето.
Се сечкаат и се ставаат во толчник убаво да се истолчат.
Исто се толчат 3-4 чешниња лук со малку сол и се мешаат со пиперките.
Се додаваат 3 поголеми варени компири – се толчи заедно и се потура со зовриено масло.
Се посолува по вкус.
Со убав, мек леб – нема прејадување…