Hевеpoјатно се вкусни, крцкави грицкалки… Единствена мана е тоа што се превкусни, па штом почнете да ги јадете, не можете да прекинете. Одлична закуска за оние кои постат, но и за сите останати. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г меко брашно Т-400, 1 лажичка сол, 2 лажички шеќер, 1 кесичка сув квасец (10 г), 200 мл масло за готвење, 230 мл топла вода.
ЗАЧИНИ: 2 лажички алева пиперка, 2 лажички буковец (т олчена лута пиперка), 2 лажички сув растителен зачин (вегета), 2 лажички оригано, 1 лажичка мелен црн пипер
ПОСТАПКА: Пригответе два големи плеха од електричен шпорет. Обложете го дното со хартија за печење и оставете ги на страна.
Целата количина од наведени зачини (може да додадете и некои зачини по ваш вкус) ставете ги во помал сад, па добро промешајте за да се соединат. И оваа мешавина оставете ја на страна.
Во една вангла ставете брашно, додајте сол, шеќер, сув квасе и со лажица промешајте. Додајте масло и топла вода. Замесете тесто.
Тестото прво месете го малку во вангалата, околу една минута, а потоа префрлете го врз работната површина. Работната површина не треба да се наросува со брашно, бидејќи тестото е масно и многу лесно се работи со него.
Добиеното тесто развлечете го со оклагија (обидете се да формирате правоаголен облик, за полесно сечење на лентите) во тенка кора со дебелина од 5 мм.
Преку целата површина на кората рамномерно наросете ги приготвените зачини и со рака нежно втиснете ги во тестото.
Исечете ги ивиците од тестото за да добиете штанглички со правилна форма (а исечените страничници исто така свиткајте ги спирални и испечете ги). Рерната вклучете ја да се загрева на 230 степени.
Значи, развлечената кора со правоаголна форма исечете ја на ленти-стапчиња со широчина од 2 см.
Потоа секоја кора пресечете ја на половина по должина. Секоја исечена лента спирално увртете ја, а шарените стапчиња редете ги во претходно приготвените плехови.
Кога ќе го наполните едниот плех ставете да се печат стапчињата во загреаната рерна околу 15 минути.
Проверете, штом стапчињата на дното ја добијат онаа карактеристична румена боја, тогаш се готови, вадете ги. печените стапчиња оставете ги малку да подизладат, па послужете ги. Фотографии и рецепт на Верица Николиќ.