Овие мини „колачи“ кои се дар од природата, речиси се задолжителна на секоја посна славска трпеза. Урмите сами по себе се слатки и многу здрави, а особено се препорачуваат за решавање на проблемот со „мрзливи црева“. Ако додадете уште неколку состојки, ќе добиете уште поубав вкус спакуван во овие слатки залчиња.
Урмите имаат широк спектар здравствени и нутритивни вредности, па поради тоа се сметаат за едно од најздравите овошја на земјата. Тие се одличен извор на природни влакна кои на организмот му се неопходни за добра работа на цревата.
Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот, бел шеќер, Лесно се дигестираат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав урмите се вистинска природна мултивитаминска „таблета“ која можат да ја користат и деца и возрасни.
Се користи за помош во третманите за лекување на разни болести, почнувајќи од анемија, преку висок к рвен притисок, холестерол, па сè до рак, речиси да нема болест која не може да се лекува со урми. Направете ги овие посни колачи со урми, сладете се и бидете здрави.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 25-30 урми без семки, околу 300 г (подобри се свежите од сувите, бидејќи се помеки, посочни и поголеми), 50 г печени (или сирови) мелени лешници, 50 г мелени ореви, исцеден сок од еден свеж портокал, мед по вкус и може неколку капки арома на ванила или рум. За глазура: 40 г посно чоколадо (со повеќе % какао) и 2 лажици масло (може и една лажица мед).
ПОСТАПКА: Во помал сад измешајте две третини од мелените лешници и мелените ореви, па додајте исцеден сок од еден портокал. Промешајте, па постепено додајте го остатокот од мелените јатки. Треба да добиете густа смеса. Доколку е потребно, додајте уште малку јатки, бидејќи густината на смесата најмногу зависи од големината и сочноста на портокалот.
Земете една урма во рака и пресечете ја од едната страна. Во средината ставете една мала лажичка од филот, па поклопете како сендвич. Вака филувајте ги сите урми и оставете ги на страна. Потоа пригответе ја чоколадната глазура:
ЗА ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА: Во помал сад искршете 40 г посно чоколадо, па додајте две лажици масло и загревајте на тивок оган, со постојано мешање додека чоколадото да се растопи и да добиете сјајна глазура.
Секоја урма натопувајте ја во во чоколадната глазура и со помош на две виљушки вадете ја и оставете ја врз мазна површина, чинија или хартија за печење. Откако ќе завршите со глазирањето, оставете ги да се оладат и глазурата да се стегне.
Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ. И уште едно видео, каде урмите се декорираат и од надворешна страна, ОВДЕ.