Палмата од банана е фантисточно егзотично растение кое не можете да го видите во сечиј дом. Сега, имате одлична можност да одгледувате такво чудо со помош на сопствените раце. Палмата расте многу бавно, но затоа пак, ќе ве плени со нејзиниот раскошен изглед.
Ако некогаш сте посакале да одгледувате банани, но си мислевте дека климата во која живеете е премногу студена и се откажавте од идејата, можеби ќе размислите повторно кога ќе научите како успешно да ја одгледувате во саксија, во вашиот дом. Бананата е живописно растение, а нејзините плодови се омилена закуска и многумина би сакале да ја одгледуваат.
БАНАНА ВО САКСИЈА. Прво треба да земете семе за ‘ртење. Се разбира, најдобро е да се земат млади „бебиња“ од „мајката“ растение, бидејќи семчињата не ‘ртат многу активно. Сепак, можете да се обидете да одгледувате палма и од семе. За да го направите ова, потребна ви е многу црна и мека банана, која е на работ на гниење.
Во неа ќе ги најдете малите црни семиња кои навистина се многу ситни. Тие треба да се соберат со нож или лажица заедно со пулпата. Исплакнете дел од нив во цедалка, а дел оставете ги со пулпата.
Засадете ги во хранлива почва (ставете експандирана глина на дното од саксијата или направете добра дренажа). Ставете ги и семчињата со пулпата и измиените и чистите (за да се зголемат шансите за ‘ртење на барем едно семе). Некое од сите тие семчиња треба да из‘рти, а може да се случи да из‘ртат и повеќе, по што ќе треба да ги расадите.
Лесно посипете со хумусна земја и испрскајте ситни капки вода со помош на шише со распрскувач. Покријте со кеса или проѕирна-стреч фолија, избоцкајте на неколку места со чепкалка за заби и врзете убаво за да направите „стаклена градина“.
Еднаш дневно потребно е да ја тргнете кесата за да се направи вентилација и по потреба да се нароси со вода доколку земјата се исушила. Кога ќе се појават првите пупки кесата/фолијата може да се отстрани за да може билката непречено да расте.
Семето може да никне за околу 2 месеци, па затоа бидете трпеливи. Ако не сте сигурни во квалитетот на бананата, обидете се да се снабдите со некој органски вид, но како и да е, за да се „разбуди“ семето на бананата потребну е доста време.
Почнувајќи од втората година растението може и треба да се пресади во поголемо саксија, бидејќи ќе му биде потребно поголем простор за корењата но и повеќе нутриенти од почвата за исхрана. Потоа, по правило, ќе има и нови пупки. По чекање додека да пораснат до најмалку 6 месеци, „бебињата“ може да се одвојат и да се пресадат во посебни саксии.