По 40-та година од животот, кај жените се појавува слабост на сфинктерите и тие почнуваат неволно да мократ. Оваа состојба позната како инконтиненција, слабост на мочниот меур се смета дека е предизвикана од лесна инфекција на мочните канали.




Ако постои неспособност да се контролира задршката на урина при кашлање, кивање, трчање, дигање на товар или при брза промена на положбата на телото (при брзо станување) или при други физички активности тогаш имате с трес инконтиненција.




Причини за инконтиненција која се јавува одеднаш и е привремена се лежење во постела по оперативен зафат, лекарства, ментална конфузија, бременост, инфекција на простатата, опстипација, инфекција на мочните патишта, гојазност.




Сепак најчеста причина е слабост на мускулите на дното на карлицата кои го потпираат мочниот меур и го затвораат мочниот канал. Тие мускули може да се по-вредат при породување или опера-ција на простатата кај мажи, може да се прерастегнати кај гојазни или се менуваат со процесот на стареење.




Лек за неконтролирано мокрење/ноќно мокрење на билкарот Мартин Најдовски. Доста луѓе се соочуваат со овој проблем. Кај поголемиот број на луѓето, главниот проблем за ова заболување е с тресот.

Даровите на големата Мајка Природа / Мартин Најдовски

С тресот има главна улога во оваа проблематика бидејќи неконтролираното мокрење е како резултат на уп-лав, некоја тра-ума или едноставно с трав од нешто познато или непознато. Повеќе за неговите лековити рецепти може да погледнете на неговата страница Лилма.




Штом организмот се доведе до баланс, тогаш и проблемот сам по себе ќе се реши.
Доста е развиено кај децата, но не значи дека и возрасните не можат да се соочат со ова. Доста ефикасни се покажале во мојата пракса следниве рецепти:




Чај од лист од лешник за ноќно мокрење – 1 лист од лешник се попарува со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20 минути, потоа се цеди и се пие таа цела количина 1 час пред спиење. Терапијата трае 5 дена. Овој лек не е наменет за деца под 5 години.




Лек за неконтролирано мокрење – 10 капки кантарионово масло (10 капки за деца, за возрасни 15 капки), 1/2 кафено лажиче ленено семе мелено и 1 кафено лажиче мед. Се се меша заедно и се јаде таа смеса 1 час пред спиење. Овој лек не е наменет за деца под 5 години.

кантарионово масло – NMD.mk




Практикувајте да јадете мед пред спиење (возрасните 1 супена лажица, додека децата 1 чајна лажичка мед) бидејќи медот впива, односно ја собира водата/влагата и не дозволува да се случи неконтролирано мокрење во текот на ноќта. Се практикува исто 1 час пред спиење.

мед од глуварче




А може да го пробате и следниов лек за добар, длабок и мирен сон: Варете една голема лажица иситнет плод од шипка, 5 минути во 300 мл вода. Додајте 3-4 листови нане. Поклопете и оставете да отстои 2 часа, па процедете. Овој чај се пие во текот на денот, наместо вода, особено пред спиење.




Чај за ублажување на б олки, чистење на жолчно кесе и мочен меур, чистење на бубрези од песок и каменчиња: ​Варете 5 минути плод од шипка или семе во 500 мл вода. Внимавајте: Не треба да се претерува со користење на чајот од шипки бидејќи при големи количини може да се појават тегоби со срцето или некои други несакани последици.