Доматите традиционално многу често се присутни на нашите трпези. Тие се идеална храна, особено за топлите периоди кои се пред нас. Богати се со вода, малку калории, а од друга страна имаат многу хранливи, па дури и лековити материи. Нашата земја е позната по одгледување на многу вкусен домат, најчесто во струмичкиот и скопскиот регион.
Најпознат е вкусниот јабучар, со розикава боја и специфични вкусовни карактеристики. Досега, науката потврди многу лековити својства кои ги поседува сокот од домати, а меѓу најважните секако се оние кои го олеснуваат варењето на храната, помагаат да се исфрли вишокот течности од телото и во намалувањето на кр-вниот притисок.
Исто така, сокот од домати ја подобрува кр-вната слика и го зајакнува имунитетот, а меѓу другото, одлично помага и во справување со хроничниот замор, бидејќи брзо ја зајакнува и враќа енергијата.
Делува како антиоксиданс
Црвената боја на сокот од домати потекнува од растителниот пигмент наречен ликопен, кој припаѓа на семејството на каротеноиди, природни жолтеникави, портокалови и црвени пигменти во овошјето и зеленчукот.
Доматот е главниот извор на овој моќен антиоксиданс – во 100 грама домат има 6 милиграми ликопен, а во малите околу 10 милиграми. Ликопенот е многу важен во имунолошката заштита на организмот и во борбата против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.
Доматите се богат извор и на други значајни компоненти за здравјето – фитохемикалиите. Содржината на фитохемикалиите, но и другите нутритивни компоненти на доматот, главно зависи од видот и бербата, но генерално тие се богати и со:
-ликопен кој е црвен антиоксидативен пигмент, бета каротен – исто така антиоксидативна компонента, жолт пигмент кој во организмот се преобразува во витамин А, нарингенин – пронајден во лушпата на доматите, флавоноид кој докажано влијае на намалување на хроничното воспаление и потенцијално штити од различни заболувања и хлорогенична киселина – моќен антиоксидант, може да помогне во снижување на високиот кр-вен притисок кај луѓето кои се борат со хипертензијата.
Го намалува ризикот од тромбоза
Според научните студии, доматите се идеални за лекување на срцеви заболувања затоа што високото ниво на калиум ги намалува масните наслаги во кр-вните садови, а со тоа и ризикот од тромбоза и срцев или мозочен у дар. Бидејќи е одличен диуретик, помага во исфрлање на вишокот течности од организмот, а го регулира и кр-вниот притисок.
Ја подобрува кр-вната слика
Фолната киселина што ја содржи сокот од домати помага во формирање на црвени кр-вни клетки, а со тоа и во третман на анемија, затоа е идеален сојузник во лекувањето на анемијата. Бидејќи ја подобрува кр-вната слика, истовремено го зајакнува и имунитетот. Во овој случај, се препорачуваат минимум две чаши сок од домати на ден.
Не е лесно да се набројат сите придобивки што ги има сокот од домати кога е здравјето во прашање. Кога е свеж и без адитиви, сокот од домати е одличен извор на витамините А и Ц, па поволно делува на имунитетот, здравјето на забите и на коските. Богат е со витамин Б6, за кој се верува дека го разградува хомоцистеинот, аминокиселина која ги ош-тетува кр-вните садови.
Сокот од домати го намалува нивото на лошиот холестерол во кр-вта благодарение на ниацинот што го содржи, го подобрува тенот и го подобрува варењето. Нутриционистите советуваат дека е најздраво кога сокот се подготвува дома, бидејќи купениот може да содржи дополнителни шеќери кои ги намалуваат неговите корисни својства.
„Ова е најдобриот сок за исхрана на срцевиот мускул. Корисен е за деца, жени и мажи од сите возрасти. Нискиот гликемиски индекс автоматски го става сокот од домати на списокот на храна за дијабетичари”, вели нутриционистката Елена Моисева и истакнува дека нејзиниот предностите се нискокалорична и висока содржина на калиум.
„Меѓутоа, во некои случаи, сокот од домати може да направи повеќе штета отколку корист. Особено кај акутен панкреатит и гастритис. Покрај тоа, конcyмирањето во комбинација со намирници кои содржат скроб, како што се компирите, оризот и лебот, може да доведе до создавање на камења во бубрезите“, додаде таа и посочи дека во случаи кога нема контраиндикации, најдобро е сокот да се пие половина час пред оброк.